Град со големина на топчиња за голф ја погоди Германија (ВИДЕО)

Град со големина на топчиња за голф го погодија Минхен и околината , предизвикувајќи голема материјална штета.

Неколкумина се повредени , меѓу кои и седумгодишно дете за време на силното невреме со град во германската покраина Баварија. Куќите и автомобилите се оштетени од градот , што според метеоролозите имал пречник од шест сантиметри.

И во другите германски покраини вчера и денеска имаше силно невреме со дожд и град. Ветрот во Баварија имал брзина од 120 км/час. Само во Минхен спасувачите за неколку часа имале 550 сериозни интервенции.

Од ветрот паднале дрвја врз автомобили , како и врз шини , што предизвикало проблеми иво железниччкот сообраќај.

Во областа Саксонија наврнале 30 – 50 литри дожд , како и град со дијаметар поголем од 4 сантиметри.

ВМРО-ДПМНЕ обележува 29 години од основањето

ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 29 години од формирањето на партијата.

 Централната прослава е вечерва во Македонска филхармонија.

 Повеќе за тоа од извештајот на Игор Манасиевски.

Седница на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Кој ќе биде дел од новото партиско раководство. Реконструкција на владата или враќање на мандатот. СДСМ во Охрид носи одлуки.

Избор на ново партиско раководство, како и заокружување на внатрепартиските промени се прашањата, кои се очекува да доминираат на седницата на централниот одбор на владејачката СДСМ, која почна попладнево во Охрид.

Јулијана Николовска е во Охрид.

Од партијата на Заев најавија низа одлуки. На маса се и неколку опции поврзани со реконструкција на владата или враќање на мандатот.. Кој ќе биде дел од партиското раководство.

Маринов: Апсурдно е да се разговара за средниот век низ призмата на модерните нации

Скоро истите прашања сè уште се дебатираат на едно високо, дури и политичко ниво.

- За мене тоа е навистина, на некаков начин, апсурдно, но ќе видиме по 30 години дали некој ќе се смее на сето тоа, вели бугарскиот историчар Чавдар Маринов во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

притисни ентер