Дневен хороскоп за 9.6.2019 година

Дневен хороскоп за недела, 9. јуни 2019 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот.

Кариера

Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош.

Здравје и совет

Внимавајте на настинки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност.

Кариера

Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто.

Кариера

Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас.

Здравје и совет

Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската.

Кариера

Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте.

Здравје и совет

Душевен немир.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите.

Кариера

Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине.

Кариера

Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите.

Здравје и совет

Немојте да го наметнувате своето мислење.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите.

Кариера

Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда.

Здравје и совет

Не се споредувајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот.

Кариера

Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне.

Здравје и совет

Здравјето ви е добро.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира.

Кариера

Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции.

Кариера

Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно.

Здравје и совет

Замор , нервоза и лошо расположение.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение.

Кариера

Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете.

Здравје и совет

Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале.

Кариера

Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација.

Здравје и совет

Потребно ви е релаксирање.

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство. 

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

- Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

- Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

Лек за слабеење кој ја зголемува плодноста кај жената

Лекот за дијабетес „Оземпик“ (Ozempik), којшто многу жени го користат и за губење килограми, има уште еден „неочекуван ефект“ - бременост, објави „Пипл“ (People).

Дека сè ова не е случајност, се чини, укажува тоа што на интернет сè почесто се појавуваат приказни за жени кои забремениле поради „Оземпик“... Се покажа дека тој лек некако „ги неутрализира“ контрацептивните средства коишто корисничката ги зема во истовреме... А пак, други си се сметале за неплодни, па бременоста ги изненадила. Така, една жена раскажува дека не можела да забремени неколку години, па со партнерот им успеало откако таа два месеци редовно земала „Оземпик“ заради слабеење. И, родила здраво дете.

Се испостави дека самото губењето тежина, всушност, влијае врз плодноста и општото хормонално ниво.

- Дури и ако се работи за само неколку килограми, тоа веќе може да доведе до продолжување на овулацијата кај жената и таа ќе може да забремени. Нашите масни клетки произведуваат естроген, којшто може да има негативен ефект врз нашите јајници и овулацијата. Тоа може негативно да влијае и на слузницата на ендометриумот, вели акушер-гинекологот Иман Салех.

Покрај тоа, „Оземпик“ со својата формула го намалува и ефектот на контрацептивни лекови, што бара дополнително внимавање додека се зема овој лек.

Сепак, лекарите забрануваат земање на лекот само заради бременост - тоа е премногу опасно и за мајката, а потоа и за детето.

„Испитувањата на стаорци, зајаци и мајмуни покажуваат дека лековите за слабеење може да предизвикаат и спонтан абортус и вродени деформитети ако се земаат за време на бременоста. Сè уште нема студии за луѓе. Жената, исто така, треба да престане да зема лек за слабеење најмалку две недели пред бременоста“, препорачува компанијата-производител на лекови, „Ново Нордиск“.

Опасностите се, сепак, преголеми за да се експериментира на себе, според лекарите. /МИА

притисни ентер