Направена успешна интревнција на Клиниката за пластична хирургија на тешка повреда на рамо

Успешна операција направена на Клиниката за пластична хирургија од страна на експерт за реконструкција на екстремитети Оскар Азман и тимот на клиниката со директорката на на клиниакта Софија Пејкова.

Зафатаот е направен на 25 годишен пациенто од Куманово, на кој мускул од нога му беше пренесен на неговата рака.  Директорката потенцираше дека условите се подобри во клиниката со нејзиното реконструирање.

Мараја Кери со туѓи картички ги плаќала пластичните операции

Мегапопуларната американска пејачка Мараја Кери користела кредитни картички на поранешната асистентка за да си ги плати пластичните операции.

На тој начин пејачката сакала јавноста да не дознае за нејзините операции. Кери туѓите кредитни картички ги користела и за плаќање на други трошоци, пишува „Дејли маил“ повикувајќи се на анонимен извор запознат со постапките на пејачката.  

-Мараја никогаш не сакала луѓето да знаат за нејзиното заминување во шопинг или операција. Така да тоа го покривала со кредитната картичка на поранешната асистентка Лијан Шахназарјан или со картичката на екс менаџерот Стела Булочников, наведува „Дејли маил“.

Во судските документи во кои имал увид „Дејли маил“ наведено е дека Мараја Кери трошела пари од кредитни картички кои се регистрирани на име на нејзините две асистентки, но и дека пејачката требала да ги надомести потрошените средства.  

Иако раскошната Мараја негира дека некогаш била на некоја операција, сметките кои Дејли Маил  ги објави покажуваат дека пејачката била на најмалку шест козметички процедури. 

Австралија го добива првото летачко Убер такси

Мелбурн во Австралија ќе биде првиот град надвор од САД кој ќе и има свое летачко Убер такси. На тој начин Мелбурн ќе стане еден од светските лидери во јавниот превоз.

На овој начин Мелбурн  ќе го решава проблемот со големите сообраќајни гужви и ќе влезе во елитното друштво на Далас и Лос Анџелес, градови кои имаа свое аеро такси.

Тест летовите на аир таксито во Мелбурн ќе започнат во 2020 година, а комерцијалните возење  би требало да стартуваат од 2023 година , пренесува СНН.

Неколку компании веќе ги развиваат своите аеро такси како еден од новите начини на јавен превоз.

Од компанијата Убер сметаат дека летачкото такси е одлично решение за  сообраќајните гужви во големите градови.

Видео: Руската царина заплени пет илјади желки од загрозен вид

Околу пет илјади желки од загрозен вид заплени руската царина при обид

Во камион да бидат прошверцувани од Казахстан.. Се работи за централно-азиски желки, кои биле сместени во 25 големи вреќи, скриени под седум тони зелка.

 Возачот не пријавил друга стока, освен зеленчук и против него е поднесена кривична пријава.

 Вредноста на желките, кои се водат како вид кој се соочува со исчезнување, се проценува на 70 илјади евра.

притисни ентер