Видео: КГБ на тркала

Осум легендарни автомобили произведени само за руската тајна служба КГБ.

Овие автомобили влевале страв кај сите странски шпиони но и граѓаните на СССР. Дури можеле да се споредат и со елитните БМВ и Мерцедес.

Првиот автомобил за руските претставници на Министерството за внатрешни работи за нивните тајни мисии е направен во 1932 година од страна на ГАЗ .Автомобил кој бил копија на моделот А на Форд. Но повој автомобил многу брзо станал прес пор за руските агенти.

НКВД претходникот на страшниот КГБ во 1936 година го менува ГАЗ А моделот со ГАЗ М1 автомобил со 4 цилиндари. Овој автомобил станал Симбол на чистките на Сталин, поради тоа што агентите секогаш се возеле во овие автомобили при „ловот на своите жртви“.

Потоа доаѓа моделот ГАЗ 11 – 73 , со мотор со шест цилиндри . Но, Втората светска војна го забавува и отежнува неговото производство, поради тоа што исти мотори се користеле и за лесните тенкови и самоходни топови.

Во првите повоени децении агентите на КГБ се возеле во германски или американски автомобили. Во 1956 година доаѓа моделот ГАЗ М – 20 Г „Победа“ . Овој автомобил бил како и обичниот ГАЗ М 20 , но наместо105 км можел да развие брзина од 132 километри на час.

Во шеесеттите години на минатиот век ГАЗ М – 20 Г моделот е заменет со ГАЗ 23 – Волга,. Автомобил направен специјално за потребите на КГБ и другите тајни служби од Варшавскиот пакт. Ваков автомобил бил недостапен за обичните граѓани.

Потоа доаѓа времето за моделот ГАЗ 24 . Станува збир за еден од најбрзите советски автомобили во тоа време, кој можел да развие брзина од 170 км на час.

Еден од последните автомобили на КГБ руската тајна служба е моделот Газ – 31013 појавен во осумдесеттите години на минатиот век . Со вакви автомобили се следеле странските дипломати , а го користеле и партиските лидери во СССР.

Во распаѓањето на СССР , руската Федерална служба за безбедност добива можност за користење на најбрзите и најсилните автомобили на светот. Завршило времето на користење на домашни автомобили .

Но сега ФСБ продолжува да осмислува возила за своите единици за специјални намени како бронираниот „Фалкатус“, кој како да е излезен од цртан стрип.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер