Тачи: Ќе живееме со Албанија во една држава без граници

Косово и Албанија ќе живеат во една држава без граници , изјави во Албанија косовскиот претседател Хашим Тачи .

,,Во блиска иднина ќе живееме заедно , во една заедничка држава Косово-Албанија.”, им порача Тачи на жителите на местото Хаса во Албанија и додаде дека кон Косово ќе се приклучат и општините Прешево , Бујановац и Медвеѓа од југот на Србија , кои се со мнозинско албанско население.

,,Бидете сигурни дека е многу лесно остварлив сонот да имаме еден простор без граници меѓу Косово и Албанија.” , рече Тачи и потврди дека тоа ќе биде полесно отколку да се оддалечи Србија од Косово.

Двете идеи на косовскиот претседател се во спротивност со Уставот на Косово според кој ,,Република Косово нема никакви територијални претензии кон која било држава или дел на држава , ниту ќе бара обединување со која било држава или дел на држава.”

Уставот сепак може да се смени со двотретинско мнозинство во Парламентот , како и двотретинско мнозинство од пратениците од заедниците кои не се мнозинство на Косово.

Рамфоса: Јужна Африка продолжува со распоредување сили во Мозамбик и Конго

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса денеска изјави дека војската на неговата земја ќе продолжи да распоредува војници во Мозамбик и Демократска Република Конго, кои се погодени од конфликти.

Врз основа на одлуката за продолжување на неопределено време во источно Конго ќе бидат задржани 1.198 припадници на јужноафриканските национални одбранбени сили (SANDF), каде се наоѓаат и дел од мировните сили на ОН кои му помагаат на Конго во борбата против бунтовничките групи, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението на SANDF се наведува дека 1.495 нивни членови ќе ги продолжат своите операции во Мозамбик, каде од 2021 година ја поддржуваат владината борба против насилниот екстремизам во северните области.

Распоредувањата на јужноафриканската војска во странство годинава се ставени под засилена контрола откако двајца војници на SANDF во февруари беа убиени, а тројца ранети од минофрлачка граната во Конго.

Главната опозициска партија во земјата, Демократската алијанса,го обвини Рамафоса за испраќање неподготвени сили во воената зона. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.

Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.

По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.

Македонија повторно твоја, се наведува во партиското соопштение.

Нема докази дека Болсонаро побарал азил во унгарската амбасада, утврдил судот

Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александар де Мораеш, ја затвори истрагата за обвинението дека поранешниот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро, во февруари побарал азил во унгарската амбасада поради недостиг на докази.

- Нема конкретни елементи кои укажуваат дека лицето кое било предмет на истрага имало намера да добие дипломатски азил со цел да побегне од земјата и, следствено, да ја загрози тековната кривична истрага, се вели во писмената одлука на Мораес, пренесуваат британските медиуми.

Сепак, престојот во унгарската амбасада покрена сомнеж дека Болсонаро сака да добие дипломатски азил за да избегне истрага за заговорот за државен удар во Бразил.

Болсонаро рече дека останал во унгарската амбасада со цел да ги одржи блиските дипломатски односи што ги има со Унгарија, на чие чело е десничарскиот претседател Виктор Орбан, политички сојузник на Болсонаро.

Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс, врз основа на видео надзор откри дека Болсонаро поминал две ноќи во унгарската амбасада во главниот град Бразилија помеѓу 12 и 14 февруари, веднаш откако му бил одземен пасошот како дел од истрагата за наводен заговор да се организира воен удар. /МИА

притисни ентер