Златната палма 2019 за филмот „Паразит" на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху (ВИДЕО)

Златната палма на овогодинашниот Кански филмски фестивал ја доби филмот „Паразит" на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху.

Златната палма ја додели француската актерка Катрин Денев, заедно со претседателот на жирито Алехандро Гонзалес Ињариту.

Големата награда на Канскиот филмски фестивал, пак, беше доделена на филмот Атлантик на Мати Диоп.

Наградата за најдобар актер на Фестивалот во Кан ја доби Антонио Бандерас, за неговата улога во Додор и Глорија на Педро Алмодовар.

Филмот Бедници, на Ла Ли и Клебер Мендонса Филихо и Жулиано Дорнелес ја понесе наградата на жирито на Фестивалот, а Златната камера во 2019 оди во рацете на Цезар Дијаз за Нашите мајки.

Трагедија во Австралија: Десетици китови се насукаа на брегот, спасувачите немоќни (ВИДЕО)

Околу 140 пилот-китови се насукаа денеска на западниот брег на Австралија во близина на градот Дансборо, додека најмалку 26 веќе угинаа пред властите да успеат да ги спасат.

„Нашиот тим моментално ја проценува состојбата на китовите на плажата, а тимовите на вода се обидуваат да ги задржат животните заедно и подалеку од плажата“, соопшти австралиската управа за биолошка разновидност, според Асошиејтед прес.

Регионалниот офицер за заштита на дивиот свет, Пиа Куртис, рече дека за жал, исходот за пилот-китовите генерално не е добар на плажата бидејќи многу од животните умираат.

Надлежните ги повикаа граѓаните да не се обидуваат да спасуваат животни без инструкции од стручни лица, бидејќи во спротивно може да предизвикаат дополнителни повреди на животните и да го отежнат нивното спасување.

Овие китови се групирани на четири места оддалечени неколку километри.

Јатата на пилот китови, т.н. затоа што се верува дека сите следат еден „пилот“, може да се движат од 10 до над 100 животни и живеат неразделно, што може да е причината за нивната добро позната тенденција да се насукаат на плажа , пишува магазинот BBC wildlife.

Халил ал-Хаја: Хамас е подготвен на примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

- Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја.

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Халил ал-Хаја изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку биде воспостаена палестинската држава со границите од 1976 година, што претставува познато „решение со две држави“.

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

Тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено и оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.

– Израелските сили не уништија повеќе од 20 отсто од силите на Хамас. Ако не можат да го докрајчат Хамас, кое е решението? Решението е договор, изјави Ал Хаја.

Хамас, како што наведе, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

- Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја. /МИА

Се урна еден од симболите на Париз, никој не знае што се случувало ноќеска (ВИДЕО)

Едрата на познатата црвена ветерница на врвот на „Мулен Руж“, најпознатото париско кабаре, ноќеска паднале на земја, изјави портпаролот на местото на одржување.

„Не знаеме што се случило, тоа се случило помеѓу 02:00 и 03:00 часот. Никој не е повреден“, рече портпаролот, додавајќи дека последното вечерно шоу завршило во 01:15 часот, објави Индипендент.

„Мулен Руж“ на многумина им е познат како место каде се роди модерната форма на кан-кан танцот. Клубот е основан во 1889 година, а публика за неговите танцови изведби се главно туристички групи.

притисни ентер