Како што пренесува NL Times, ова ќе биде четврти центар за податоци на Google во Холандија.
Компанијата информираше дека досега има инвестирано околу 3,8 милијарди евра во Холандија и додаде дека новиот центар за податоци е неопходен за да се задоволи зголемената побарувачка за вештачка интелигенција и клауд услуги.
- Организациите и владите во Холандија се повеќе се движат кон клауд. Употребата на cloud computing е речиси двојно зголемена во Холандија во последните пет години. Google инвестира во дигитална инфраструктура поради зголемувањето на побарувачката - се вели во соопштението на американската корпорација.
Центрите за податоци користат многу електрична енергија, а Google на почетокот на оваа година објави дека ќе се напојуваат со енергија од ветер од ветерните електрани на Северното Море.
Гугл има и центри за податоци во Данска, Финска и Белгија, додека главната европска канцеларија на компанијата се наоѓа во Ирска.