Регистрирани 105 нови случаи со морбили, досега вакцинирани 27.000 лица низ државата

Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата.

Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти, информираше денеска д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство.

Според него, ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. Во однос на најновите 105 случаи, Караџовски потенцираше дека 77,1 процент се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.

– Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакнал д-р Караџовски.

Министерството за здравство денеска соопшти дека од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.

Санчез се повлекува од функција откако е отворена истрага против неговата сопруга

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека се повлекува од јавните должности бидејќи морал „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да ја води владата откако суд во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди ... дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави тој преку социјалната мрежа Х.

Синдикатот Манос Лимпиас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачи во јавни тендери и дека имала корист од тоа. Судот претходно објави дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

ДИК: Силјановска Давкова 39,50%, Пендаровски 19,30% од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 74,72 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 39,50%

На второ место е Стево Пендаровски со 19.30 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 14,38 % , Максим Димитриевски 8,47% , Арбен Таравари 10,24 % , Билјана Ванковска 4,46 % и Стевчо Јакимовски 0,84%.

Стево Пендаровски

128.423 | 19,30%

Гордана Сиљановска Давкова

262.871 | 39,50%

Стевчо Јакимовски

5.564 | 0,84%

Бујар Османи

95.682 | 14,38%

Билјана Ванковска Цветковска

29.657 | 4,46%

Арбен Таравари

68.153 | 10,24%

Максим Димитриевски

56.370 | 8,47%

притисни ентер