За утре во 11 часот закажана седницата за пратеничкиот мандат на Никола Груевски

Павле Богоевски, како претседател на  Комисијата за деловнички и имунитетно-мандантни прашања за утре во 11 часот ја закажа седницата на која треба да се одлучува за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

 Но, опозицијата го оспорува неговиот кредибилитет по скандалот со нелегална набавка на наркотици.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ допрва ќе се координираат дали утре ќе побараат одземање на Богоевски од претседателската функција во комисијата, а се уште немаат прецизен став и како ќе гласаат по предлогот да му се одземе мандатот на поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ.

За пратениците од парламентарното мнозинство најважно за утрешната седница е да се задржи фокусот на Груевски, без одговор дали Богоевски има кредибилитет да ја води комисијата.

По признанието дека нелегално набавувал, како што самиот тврди, масло од канабис, Богоевски досега одбива да се изјасни по повиците во јавноста за негова оставка од пратеничката функција.

Во меѓувреме, обвинителството и МВР по негова пријава работат на утврдување на идентитетот на таксистот што наводно го снимал пратеникот како и на сопственикот на профилите на социјалните мрежи каде беше објавен телефонскиот разговор.

Фредериксен: Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд

Гренланд не е на продажба, а идејата да им се продаде на САД е апсурдна, порача премиерката на Данска Мете Фредериксен откако економскиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп  потврди дека Вашингтон е заинтересиран за ку

– Гренланд не е на продажба. Гренланд не е дански. Гренланд му припаѓа на Гренланд. Искрено се надевам дека не се сериозни во намерата – рече Фредериксен за весникот „Сермитсиак“ за време на посетата на  најголемиот остров на светот, кој е во составот на Кралството Данска.

 Лери Кудроу економскиот советник во Белата куќа претходно вчера изјави дека Трамп „сака да го разгледа купувањето на Гренланд“ иако од овој остров порачаа дека не се на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ:Институциите се целосно притиснати и во служба на криминалот на Заев

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија.

Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници.

Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки.

Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата , со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал.

Срамно и долно. Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

АХВ со нов правилник за промет на храна од животинско потекло

Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ.

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ.

Како што соопштија од Стопанската комора, на прес-конференцијата најавено е присуството на Ванчо Новоселски – в.д. раководител на Секторот за инспекциски надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на АХВ, претставници од работната група која учествуваше во изработката на новиот правилник, и Јован Дабевски од компанијата „Трница" ДОО. 

притисни ентер