Стоилковски: Богоевски да си поднесе неотповиклива оставка

Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија и заради тоа мора да си поднесе неотповиклива оставка.

 Само така ќе се овозможи професионална и непристрасна истрага за тоа од кого нарачувал „половина" и таа да му биде убаво спакувана. Веруваме дека на тој начин ќе се открие нарко синџирот кој што делува низ Скопје. Само така СДСМ може да покаже дека Македонија станува европска држава, каде постои одговорност. Само така ќе направиме исчекор во однос на минатото кога сите кокаински афери, особено со СДСМ на власт остануваа без разрешница.

Денес кога сета јавност се згрозува од односот на Зоран Заев, на полицијата и на обвинителството, како и на Собранискиот спикер, кон наркоаферата половина грам за Павле Богоевски, за која самиот кажува дека тргувал на нарко пазарот, без да се прецизира за што станува збор, потсетуваме на најголемите афери поврзани со наркотици в Република Македонија!

Прво во 1997 година, во екот на севкупна власт на СДСМ во Република Македонија, во услови исти како и сега, од Депото на МВР, значи од условно најбезбедното место во државата, исчезнуваат 28 килограми кокаин! Никогаш, никој не одговараше, а тогашниот министер Томислав Чокревски не поднесе ниту една кривична пријава за овој случај!

Стои сведочење на Павле Трајанов, денес еден од оние во пупката на Заев, кој сведочи дека тој во 1998 година, како министер иницирал истрага за кражбата на кокаинот, но тогашните директори на јавна безбедност и на ДБК, независно еден од друг, му посочиле дека Чокревски, ја сопрел истрагата на крим полицијата по директна наредба на тогашниот лидер на СДСМ и премиер Бранко Црвенковски. Причината беше јасна во јавноста, дека дрогата завршила кај нарко бос, криминалец со звучно име тогаш близок до власта, а Црвенковски никогаш не ја негираше поврзаноста и употребата на кокаинот за што беше јавно повикуван по медиумите. За потсетување директор на БЈБ тогаш бил Диме Ѓурев, а шеф на неговиот кабинет му беше Стево Пендаровски.

Одиме на втор случај во 2007 година- Станислава Чочоровска беше фатена како организира транспорт на половина тон кокаин во канти од поликолор. За 436те килограми кокаин беше осудена на 14,5 години затворска казна. Нејзин адвокат, бранител, во судскиот процес и беше адвокатот Љубомир Михајловски Џанго. Е сега, Михајловски, ја бранеше Чочоровска една година откако беше министер од СДСМ за внатрешни работи. Во неговото професионално досие стои дека бил потсекретар во МВР и виш поранешен инспектор за недозволена трговија со дрога. Одличен пример за соодветен бранител за трговија со кокаин од Венецуела до црногорското пристаниште Бар, со крајна дестинација Грција! За овој случај дури и судот во Стразбур пресече дека при судењето не било повредено правото за правично судење. Имајќи ги предвид актуелните пресуди за шверц, а пресудата за ексградоначалникот Боро Малборо е пример, веројатно денес би и се судело за дело во обид, со многу помала казна!

Пред две години Сеад – Сетко Рахиќ, братот на поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, беше осомничен за трговија со дрога, како организатор на криминална група која продавала кокаин во Скопје и други градови низ Република Македонија. При претресот покрај дрогата беше пронајден и широк арсенал на оружје. Рахиќ често е фотографиран со Зоран Заев, а според јавноста, со чии писма наводно се фалел со ветувања за слобода од затвор. По доаѓањето на СДСМ на власт беше пуштен од затвор, па во вооружен инцидент го нападна лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски и тоа во изборен ден.

Доаѓаме до пратеникот Павле Богоевски, пратеник, наводно независен, близок до Зоран Заев, за кој има аудио снимка, која тој ја потврди, за трговија на нарко пазарот! Само што се обидува тоа да го ублажи со емотивни лични исповеди, што не поминуваат во јавноста. Кога сета јавност очекуваше осуда, тој ужива во вербално помилување од Зоран Заев како насока како да постапуваат МВР и Обвинителите. И замислете наместо пратеникот кон него, фокусот се става врз тоа аудио парче кое што се рашири по социјалните мрежи. Уште едно срамно однесување на СДСМ кон нарко пазарот!

Епа почитувани, не случајно во извештајот на Глобалната иницијатива против организираниот криминал за Македонија се вели дека криминалните групи во Македонија уживаат политичка поддршка. Цитирам; „Интересно, официјалниот број на запленета дрога е многу низок, како што е ниска и стапката на криминал. Тоа сугерира степен на дослух или бенигно занемарување од страна на полицијата и на политичарите", се заклучува во овој извештај.

Почитувани, апсолутната власт на криминогениот клан на власт во Владата и отвора можност да се претвора Република Македонија во приватен нарко картел, во која владеее неказнивост и црни пари од нарко подземјето.

Случајот, аферата со Павле Богоевски, кој признава трговија на нарко пазарот, а поседува увид во безбедносните државни тајни, не смее да се сведе на помилувања и да си помине со јавни префрлазња на топката помеѓу МВР и ОЈО или да се сведе на гонење на свиркачи!

Тоа е јасна политика на неказнивост, на своеволие и поддршка на трговијата со наркотици! Тоа не се ниту европски, ниту НАТО, ниту прозападни вредности. Богоевски мора да сноси одговорност, а Заев, Спасовски и Јовески мора да заминат поради поддршка на очигледна недвосмислена трговија и врски со криминални кланови!

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Новиот в.д. шеф на Пентагон очекува поддршка од НАТО за Иран

Вршителот на должност министер за одбрана на САД, Марк Еспер се надева на помош од НАТО за спрелување на судирот со Иран.

Еспер денеска изјави дека се надева да добие оваа недела поддршка од НАТО сојузниците во напорите на САД за спречување на судир со Иран.

Еспер за време на летот кон Брисел , каде ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО, рече дека САД сакаат да ја затворат вратата на судирите и да ја отворат вратата на дипломатијата.

Премиерот Заев на свечениот концерт на НУ Ансамбл „Танец“ по повод 70 години од основањето

„Танец“ е жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја, рече премиерот Заев пред присутните.

Премиерот Зоран Заев, вечерва присуствуваше и имаше свое обраќање на одбележувањето на 70 години од основањето на НУ Ансамбл „Танец“.

На овој настан покрај премиерот Заев свое обраќање имаше и директорот на ансамблот Танец, Мартин Вучиќ кој ги покани сегашните и идните генерации да го одржуваат Танец каков што го создале првите генерации.

„Овој ансамбл, оваа  институција е од посебен општествен интерес и наша должност е да ја следиме светлата траекторија по која се движи цели седум децении. „Танец“ треба и мора да ја продолжи својата културна мисија на негување и презентирање на исклучително богатото и автентично фолклорно творештво во земјата и надвор од неа. Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ е цели 70 години симбол на нашата национална култура и уметност и вистински репрезент на македонското фолклорно творештво на целата земјина топка.

Седум децении „Танец“ ревносно се грижи за народните игри и песни, обичаи  и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточува националниот бит пред целиот свет.

„Танец“ е наш бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи. Ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската поврзаност со раскошната убавина на нашето фолклорно наследство.

Со еден збор ансамблот “Танец” претставува жива енциклопедија на македонското традиционално творештво и на нашата фолклорна историја.

За квалитетот и уметничката вредност на овој наш репрезент говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, како што се престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”.

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар на тапанот и при првиот чекор на ороводецот, ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Не само нам, туку и на сите нашинци во дијаспората и на сите луѓе во светот.

Затоа треба да сме им благодарни на сите генерации членови на „Танец“. Цела низа генерации успеаја да го одржат континуитетот на чување на високите вредности што цели седум децении го прават горд нашиот народ. Не прават горди сите нас поединечно, а верувам дека исто толку ќе бидат горди и нашите деца.

„Танец“ е расадник на уметноста, расадник на професионалци и едно од главните упоришта на нашата културна автентичност. Ние сме должни да го негуваме и во рамките на можностите да му ја обезбедуваме неговата сигурна иднина. Тоа е и наша должност, но и е наша чест.

Нека е честит големиот јубилеј и нека ни е вечен „Танец“!“, рече премиерот Зоран Заев во обраќањето. 

Гори хемиска фабрика во Шпанија (ВИДЕО)

Во шпанскиот град Сан Роке се запали хемиска фабрика и црн чад го обви градот.

Попладнево избувна силен пожар во Сан Роке во  хемиската фабрика, од каде целиот град беше обвиен со чад. За среќа , во инцидентот нема жртви , а едно лице добило медицинска помош поради задушување со чад.

На жителите на околните населби им е кажано да ги затворат вратите и прозорците и да не излегуваат надвор , до расчистување на воздухот.

Доцна попладнево , пожарот е ставен под контрола.   

притисни ентер