УНЕСКО препорачува Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство

УНЕСКО го вклучи алармот - во својот најнов извештај препорачува Охрид и регионот да бидат ставени на листата на загрозено светско наследство.

Охридските дивоградби и малиот напредок во решавањето на проблемите се најдоа под лупа на УНЕСКО. Организацијата на ООН во последниот извештај со препорака Охрид да биде ставен на листата на загрозено светско наследство. Од земјава во следниот период меѓудругото се бара да воспостави мораториум на градби до езерото, но и да ги урне веќе постоечките дивоградби кои се опасност за подрачјето.

Мораториум на какви било урбани трансформации на брегот сè додека не се финализираат и усвојат ефективни законски решенија за заштита и механизми за нивно спроведување.

Проценка на нелегалните градби и да се утврди нивното влијание на заштитеното подрачје и потоа да се срушат сите кои претставуваат опасност за подрачјето. Строго да се спроведуваат законите правилниците да се спречат понатамошни дивоградби.

Во извештајот кој треба да биде разгледан кон крајот на идниот месец исто така се нотира дека охридското крајбрежје е погодено со несоодветна градба, урбано развивање и експлоатација на брегот, како и зголемено загадување и уништување на животната средина, предизвикано од силниот притисок на туризмот. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа свикување на итна седница на комисијата за култура на која што би се дискутирало за Охрид и листата на УНЕСКО.

Градот веќе некој период го бранува и изградбата на минарето од Али-пашината џамија, за кое охриѓани вчера протестираа, барајќи од премиерот да изнајде решение, за кое тој денеска им одговори дека очекува да го пронајде преку дијалог.

Организаторите на протестите побараа и од локалната власт да се заложи за решавање на случајот, и најавија дека во спротивно протестите ќе продолжат се додека институциите не постапат согласно законите.

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

Њу Орлеанс последен избори плејоф во НБА-лигата

Кошаркарите на Њу Орлеанс пеликанс рано утрово забележаа победа над Сакраменто кингс со 105:98 во плејин натпреварот одигран на домашен терен.

Најефикасен играч на натпреварот беше Де'Арон Фокс ос Сакраменто кој постигна 35 поени.

Во победничкиот состав се истакна Брендон Инграм со 24 поени.

Пеликанс се пласираа во плејофот каде во првото коло ќе играат против Оклахома.

Покрај Њу Орлеанс место во разигрувањето за трофејот преку плејин обезбедија и Лос Анџелес лејкерс, Мајами Хит и Филаделфија.

Плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот почнува вечер со натпреварите:

Кливленд кавалирс – Орландо меџик и

Минесота тимбервулвс – Феникс санс. /МИА

притисни ентер