Трамп: Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјално негов крај

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран да не им се заканува на САД ако не сака да биде уништен .

„Ако Иран сака војна, тоа ќе биде официјален крај на Иран, никогаш не им се заканувајте на САД”, напиша Трамп на Твитер.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон ескалираа откако Иран откри дека нема да исполни некои од своите обврски за нуклеарен договор со меѓународните медијатори. Претходно Трамп го обвини Иран дека го прекршил договорот, а Соединетите Држави излегуваат од него, бидејќи прекршувањата го прават ирационално.

Техеран им даде на пет земји од групата “5 + 1” 60 дена рок , за да ги заштитат нафтениот и банкарскиот сектор на Иран од санкциите наметнати од САД.

ЕУ, Франција, Германија и Велика Британија ги отфрлија барањата, додека Трамп објави воведувањето нови санкции против иранската страна.

Соединетите Американски Држави го испратија носачот на авиони Абрахам Линколн и група на тактички бомбардери во Заливот.

Фото: Моника Белучи вистински ужива во кафеана на село

Една од најубавите жени во светот, актерката Моника Белучи, е снимена деновиве во Калката, античко средновековно село во Италија, изградено на карпите над кањонот.

Станува збор за село на само 50-ина километри од Рим, а токму таму Моника заминала на ручек во ресторанот „Terrazza sul Treja“, каде уживала во различни деликатеси со својот партнер, британскиот режисер Тим Бартон.

Двојката веќе некое време е во врска и не ја кријат љубовта. За време на ручекот Моника и Тим на воодушевување на останатите гости без проблем си разменувале бакнежи.

Во Бартон, по разводот, Моника конечно најде маж со кој сака да остари.

Санчез: Ирска и Норвешка се за признавање на независноста на палестинската држава

Ирска и Норвешка се за признавање на независноста на палестинската држава, Португалија е воздржана, вели Санчез.

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој собира поддршка ширум Европа за признавањето на независноста на палестинската држава, ги придоби Ирска и Норвешка, но не и Португалија откако конзервативците дојдоа на власт таму, објави шпанската јавна телевизија ТВЕ.

„Она што се случи овој викенд потврдува дека она што го заговараме со месеци е неопходно. Сега има два патишта отворени пред нас. Едниот води кон ескалација на војната, а другиот до прекин на огнот од сите страни. Од почетокот на оваа криза, Шпанија се залага за мировен процес со решение со две држави, а со тоа и взаемно признавање на Палестина и Израел“, рече Санчез на прес-конференцијата на која присуствуваше со новиот португалски премиер Луис Монтенегро.

Санчез претходно порача дека Шпанија има намера до јули да ја признае независната палестинска држава и дека наскоро може да се „создаде критична маса“ во ЕУ за тоа да го сторат и другите земји.

Во ова на Шпанија и се придружија Ирска и Норвешка, кои Санчез ги посети во пред неколку дена, но новоизбраната Влада на Португалија остана воздржана.

„Не сум толку далеку од признавањето на палестинската држава, но сметам дека решението за две држави треба да се донесе во мултилатерално опкружување“, рече Монтенегро. /МИА

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување транспорт

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море, според извори.

Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на договорот, кој никогаш не беше објавен во јавноста.

Разговорите беа со посредство на Турција, која беше охрабрена од Обединетите нации, изјавија четири извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата.

Договорот беше постигнат во март и имаше за цел – безбедна пловидба на трговски бродови во Црното Море. Иако Украина не сакаше формално да го потпише, Киев се согласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го објави договорот на 30 март - еден ден пред клучните локални избори, велат изворите.

„Во последен момент, Украина одеднаш се повлече и договорот пропадна“, рече еден од изворите, цитиран од Ројтерс, пренесуваат турски медиуми. Три други извори ја поддржаа таа верзија на настаните. Русија, Украина и Турција одбија да коментираат, објави новинската агенција.

Останува нејасно зошто Украина се повлече од договорот. Изворите на Ројтерс рекоа дека не знаат што ја поттикнало одлуката на Киев.

притисни ентер