Њујорк тајмс: Бидете меѓу првите кои ќе ја посетат Македонија

 Светот има новоименувана земја,што е добра вест за регионалните односи и за туристите кои во голем број доаѓаат да го посетат југоисточниот дел на Европа,

Се наведува во репортажата на Њујорк тајмс со наслов „Бидете меѓу првите кои ќе ја посетата Македонија".

Во февруари годинава поранешната југословенска Република Македонија официјално стана Република С. Македонија, откако беше решен долгогодишниот спор за името со Грција. За патниците, пишува весникот, крајот на спорот значи дека ќе добијат печати во нивните пасоши со новото име и нова причина да ја откријат оваа млада земја со древни корени, која се граничи со Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија. Земјата, којашто е исполнета со култури од древниот свет, традиционална кујна, недостапни села и со езера кои се едни од најстарите и најдлабоките во Европа, ги спојува традициите на древните империи, грчката, македонската, римската, византиската, отоманската, каде Западот и Ориентот се среќаваат.

– Сметам дека договорот ќе урне нашите филозофски граници. Го отстранува зборот „поранешна" од нашето име, со што ние веќе не сме дефинирани со нешто од минатото. Сега сме ослободени да бидеме присутни со многу појасна и позитивна визија за нашата иднина, изјави за весникот Александар Донев, поранешен директор на Агенцијата за промоција на туризам.

Нашите културни искуства низ вековите, меѓу кои, храната, виното и традициите, посочува Донев, никогаш не биле оспорувани.

Њујорк тајмс, меѓу останатото, ја пренесува оценката на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој вели дека земјава веќе почнува полека да добива добар публицитет и оти тоа придонесува да се зголеми економскиот потенцијал на земјата.

– Несомнено, позитивниот нагорен тренд доаѓа во вистинско време за нацијата, токму пред туристичката сезона, која почнува во доцна пролет и трае до есен. Тајмингот е исто така поволен и за патниците кои сакаат да го откријат Балканот, кој се смета за една од највозбудливите дестинаци на континентот која нуди и култура, но и авантура, пишува Њујрок тајмс.

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Дневен хороскоп за 25. април 2024 година

Дневен хороскоп за четврток, 25. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот.

Кариера

Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација.

Здравје

Опуштете се во разговор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните.

Кариера

Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство.

Здравје

Треба да се биде реален.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место.

Кариера

Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот.

Здравје

Замор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни.

Кариера

Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете.

Здравје

Ќе бидете креативни во изразувањето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи.

Здравје

Немојте да се срамите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот.

Кариера

На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте.

Здравје

Чувствителност на дигестивниот систем.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше.

Кариера

Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие.

Здравје

Ќе сонувате интересни соништа.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро.

Кариера

Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка.

Здравје

Ви се зголемува апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот.

Кариера

Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни.

Здравје

Не претерувајте со благото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот.

Кариера

Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања.

Здравје

Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува.

Кариера

Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите.

Здравје

Најдете соодвета техника за релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови .

Кариера

Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост.

Здравје

Бидете среќни.

притисни ентер