Фото: Поддршка за ултрамаратонецот Георгиев од градоначалникот Шилегов, министерот Тевдовски и атлетичарите

Ултра-маратон долж Коридор 8- Тевдовски, Шилегов и македонските атлетичари трчаат во поддршка на маратонецот Георгиев со порака за поврзаност и пријателство 

Министерот за финансии на Македонија, Драган Тевдовски, придружен од градоначалникот на Скопје и атлетичарите од Атлетската федерација го поддржаа ултра - маратонецот Краси Георгиев кој денеска трчаше во Скопје, а ќе продолжи со трчање долж Коридорот 8. Трасата е долга 1000 км. и вклучува над 20 градови од Бугарија, Македонија и Албанија.

Целта е да се испрати порака за поврзаност на економиите и граѓаните на трите земји преку спортот. Коридорот 8 ги поврзува Јадранското и Црното море, а поминува и низ Македонија.

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван

 Американскиот Конгрес ноќеска го одобри пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што се случи по неколкумесечен застој заради спротиставувањето на тврдото крило во Републиканската партија, јави ДПА.

Во американскиот безбедносен пакет помош, вреден вкупно 95 милијарди долари, покрај Украина, опфатени се и Израел и Тајван, додаде германската агенција. Пакетот помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „спротивставување на комунистичка Кина“ во Индо-Пацификот.

За усвојување на законот гласаа 79 сенатори, додека 18 беа против, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.

Според уставната процедура законот сега треба да го потпише и претседателот на САД, Џо Бајден.

-Ќе го потпишам овој предлог-закон и ќе му се обратам на американскиот народ штом ќе стигне утре за да може уште неделава да почнеме со испраќање оружје и опрема во Украина, рече Бајден кратко по гласањето, додавајќи дека сака да започне со испорака на оружје и опрема за Украина оваа недела.

„Со усвојувањето на законодавниот пакет, кој вклучува и милијарди долари помош за Израел и Тајван, американскиот Конгрес ја покажа моќта на американското лидерство во светот“, рече Бајден.

-Ние одлучно се залагаме за демократија и слобода и против тиранијата и угнетувањето, додаде американскиот претседател.

„Овој закон ќе ги направи нашата нација и светот побезбедни бидејќи ги поддржуваме нашите пријатели кои се бранат од терористи како Хамас и тирани како Путин“, рече Бајден.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот Сенат „за одобрувањето на виталната помош за Украина“.

-Ова гласање ја зајакнува улогата на Америка како светилник на демократијата и лидер на слободниот свет, изјави Зеленски, пренесе ДПА.

Претходно вчера, портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, им изјави на новинарите во Вашингтон дека нова воена помош може да биде доставена до Украина „во рок од неколку дена“.

Испораките ќе бидат „засновани на најитните потреби на Украина“, рече Рајдер. „Мислам дека е добра претпоставка да се очекува дека ќе вклучува капацитети за воздушна одбрана, како и артилериска муниција. /МИА

Македонија гласа на прв круг претседателски избори: Гласачките места ќе бидат отворени до 19Ч

Во училиштето Георги Димитров каде што се гласа имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Скопско Влае, а во моментов е во училиштето Георги Димитров каде имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација, но гласањето нема да биде продолжено затоа што застојот траел помалку од еден час, таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Дневен хороскоп за 24. април 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

притисни ентер