Овој хотел има долга историја на хедонизам , а огромен бројнафери се поврзани со него. така на пример познато е дека уште натали Вуд како малолетна во базенот ги заведувала своите љубовници.
Скарлет Јохансон таму била видена среде секс во лифт со Бенисио дел Торо. Џони Деп , пак се фалел дека со неговата тогашна девојка Кејт Мос ,,ги пробале” сите 63 соби.
Шефот на славното студио , Колумбија Пикчрс ,Хари Кон, уште во триесетите години на минатиот век таму имал личен апартман за да се забавува со старлетите. Мармонт е всушност замок во француски стил над Сансет булеварот во западен Холивуд.
Сепак и во овој хотел не може да се преминат некои граници. Така , од него биле исфрлени Ворен Бити , Линдзи Лохан и Бритни Спирс . Лохан направила сметка од 46 000 долари , која не можела да ја плати , а Бритни ја размачкала храната што ја нарачала по целото лице.
Комичарот Џон Белуши почина во еден од хотелските бунгалови по петдневна забава.
Хотелот е пуштен во употреба пред точно 90 години , 1929 . По тој повод авторот Шон Леви ја објави книгата ‘Marmont, The Castle On Sunset’ во која раскажува до детали за најлудите забави .
Во хотелот престојувале и правеле скандали сите големи ѕвезди за изминатиот речиси еден век. Од Мерлин Монро и пол Њумен до Монтгомери Клифт и Ентони Перкинс, кој таму можел да им се препушти на момчињата.
Принцезата на Монако , Грејс Кели , во своите актерски денови барала од рецепцијата да и кажат во кои соби има мажи за да ги нападне.
Хотелот и натаму го одржува стилот и во него Бијонсе и Џеј-Зи ја прават традиционалната афтер Оскаровска забава , која се одржува во гаражата на хотелот.