„Фајненшал Тајмс": ЕУ не смее да го оттурне Балканот од себе

Европската Унија не треба да се откаже од Балканот, а неисполнетите ветувања за членство би можеле да ги ослабат умерените и реформски струи во регионот, пишува „Фајненшал Тајмс".

Европската унија, како што стои во текстот на колумнистот Тони Барбер, е опасно блиску да направи уште една историска грешка на Балканот.

-Владите на членките на ЕУ треба да донесат одлука на самит во јуни дали ќе одобрат отворање на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Одлуката треба да биде донесена едногласно за да биде спроведена. Неколку влади, меѓу кои на чело се Франција и Холандија, покажуваат неволност кон следната фаза од проширувањето на ЕУ. Тоа го прават, во голема мера, за да се заштитат себеси од критиките на противниците во нивните земји, наведува „Фајненшал Тајмс".

Во текстот е посочено дека Франција бара од ЕУ да се фокусира на внатрешни реформи и на зајакнување на еврозоната и притоа да избегне чекори кои би можеле да ја зголемат поддршката во Европа на десничарите и на популисите кои се борат против естаблишменот. Но, доколку противниците успеат во нивните намери, тогаш се јавува ризик за поттикнување на тензии за кои ЕУ вели дека сака да ги држи на страна на Балканот.

-Овој аргумент е особено изразен во Северна Македонија. Премиерот Зоран Заев и неговите колеги го отфрлија ултранационализмот на нивните претходници. Покажаа огромна храброст за да најдат решение за спорот во врска со името на земјата, кој ги отежнуваше односите со соседна Грција уште од почетокот на деведесеттите. На Балканот, кој е има озлогласена репутација уште од времето пред Првата светска војна поради тешките етнички, верски и територијални спорови, решението претставува навистина редок пример на разумен компромис, кој бил направен по мирен пат, пишува „Фајненшал Тајмс".

Со право, како што стои во текстот, граѓаните на Северна Македонија ќе започнат да се прашуваат дали некогаш ЕУ ќе ги отвори вратите доколку храбрата дипломатија и вештото менаџирање на домашната дименизја на спорот за името не бидат наградени со почеток на преговори за членство. Каков било застој би можел да им зададе удар на реформите во Северна Македонија и со тоа да и наштети на борбата против корупција и организиран криминал, а би се поттикнал и македонскиот шовинизам.

-Најстрашно од сè, тоа ќе ги разочара етничките Албанци кои сочинуваат околу една четвртина од населението. Нема ни 20 години откако избувна албанскиот бунт во Северна Македонија, што предизвика брза интервенција на НАТО. Една од причините за релативното затишје кое следеше потоа е уверувањето на главните албански лидери да не се губи вербата во ЕУ, чие што членство за нив е гаранција за граѓански права и ветување за просперитет, пишува „Фајненшал Тајмс".

Весникот наведува дека ако вратата на ЕУ остане затворена, ќе им се наруши угледот и довербата на овие центристи. Меѓутоа, постои и друга опасност, како што предвидуваат некои во регионот, ако ЕУ ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија, а ја задржи Албанија во чекалната.

-Ваквиот потег ќе додаде масло во огнот на пан-албанскиот национализам, ставајќи ги политичарите и активистите од Албанија и Косово во искушение да се откажат од надежите за влез во ЕУ и што посилно да ја прифатат каузата за Голема Албанија. За возврат, ова би фрлило дамка врз напорите да се реши спорот помеѓу Србија и Косово и да се намалат тензиите помеѓу Бошњаците, Србите и Хрватите во Босна и Херцеговина, пишува „Фајненшал Тајмс".

Во случај да се зголеми нестабилноста во регионот поради колебливоста на ЕУ, како што наведува весникот, ќе се создаде плодна почва за мешање од странство. Балканот е една арена на натпревар меѓу надворешни сили, вовлекувајќи ги Русија, Турција и Кина во едно ќоше на Европа кое е во голема мера под влијание на ЕУ и САД уште од времето на југословенските војни.

Во текстот понатаму е посочено дека, руски агенти стоеја зад обидот за државен удар во 2016 година во Црна Гора и беа зафатени со Грција и Северна Македонија обидувајќи се набрзина да го окончаат договорот за името. Турција финансира политички ислам во регионот. Таа е активна меѓу муслиманските Бошњаци и етничките Албанци во Косово, Северна Македонија и Албанија. Кина го шири своето влијание со помош на обемни инвестиции во рамките на иницијативата „Појас и пат."

– Со цел да ги заузда амбициите на Русија и Кина, Вашингтон едвај чека да работи со ЕУ за заштита на интересите на Западот. Брисел треба да е среќен што Балканот е еден од неколкуте региони во светот кои не се допрени од фрикцијата во американско – европската надворешната политика под администрацијата на Трамп. ЕУ и Америка добро се искомбинираа во придонесот кон решението на спорот меѓу Грција и Северна Македонија, пишува британскиот весник.

Критичарите на проширувањето, како што е наведено во текстот, се во право кога велат дека квалитетот на демократијата и владеењето на правото е под европките стандарди во земјите на Балканот.

-Но, довербата која регионот ја има во ЕУ и ентузијазмот кај народот за тешките реформи кои се бараат за да се заслужи членството, ќе се намалат освен ако нема позитивен сигнал од Самитот следниот месец. Се останато би го втурнало Балканот во превирања и би и наштетило на ЕУ, која повторно самата ќе си пука во здрава нога, пишува „Фајненшал Тајмс". /MИА

Анкета на ЦРПЦ: Давкова пред Пендаровски, Таравари и Османи во тесна трка

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на Претседателските избори.

На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговор: За кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова би гласале 20,4% од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8% од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“ според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9% од испитаниците, за Османи пак 6,9% од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 % од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6% од испитаниците. За

кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2% од анкетираните. 18,2% одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Анкета на ЦРПЦ за парламентарните избори: ВМРО – ДПМНЕ води пред СДСМ, во предност и албанската опозиција пред ДУИ

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги “Глас на вистината” спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале на парламентарните избори граѓаните со одговор: За ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8% од анкетираните, додека за СДСМ 16,3% од испитаниците.

Во албанскиот политички блок разликата доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата „ВРЕДИ“ би гласале 7,7% од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9% од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2% од анкетираните. 17,6 % одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6% не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 08 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи, и географската распределба.

Маргина на грешка +-3,0%. Резултатите од спроведената анкета, заедно со обработката на податоците се презентирани подолу на графички приказ

Истата анкета ја имате достапна и на онлајн платформата на Центарот за политички истражувања и комуникации .

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

притисни ентер