Почина најстариот човек на светот – преживеал две светски војни и не излегол од своето село

Во селото Гула на Кавказ , во руската република Ингушија , во 124 година од животот почина најстариот човек на светот, Апаз Илијев.

Апаз почина во болница поради срцеви проблеми. Тој во руското издание на Гинисовата книга на рекорди важи за најстар човек на светот . Роден е на 1. март 1896 година во истото село , каде го поминал целиот живот. Расботел како тракторист , а 14 години поминал во прогон од режимот на Сталин.

Никогаш не одел на училиште, но преживеал две светски војни , револуција и граѓанска војна во Русија .

Негов рецепт за долг живот бил – работа , умерена исхрана и сон. Советувал дека е потребно секој ден да се спијат по 11 часа. Конзумирал многу овошје и зеленчук , млечни производи , а особено свежо млеко и јогурт , а од месо само од свежо заклани животни.

Два пати се женел , а зад себе оставил 8 деца , 35 внуци, 34 правнуци и неколку пра пра внуци. Никогаш не пушел , ниту пиел .

Тој само четири месеци ја ниосел титулата најстар на светот. Пред него била Нина Шаова , исто така од Кавказ , која починала на 128 години.

Американец во чудо – некој му влегол дома и му ја исчистил куќата (ВИДЕО)

Додека бил на работа , некој влегол во куќата на Американецот Нејт Роум и му ја исчистил.

Кога влегол во куќата во местото Марлборо во државата Масачусец , веднаш помирисал средства з ачистење , а во тоалетот забележал дека некој направил рози од тоалетна хартија. Тоа го навело да помисли дека некоја професионална служба за чистење по грешка влегла во неговата куќа, зашто ја оставил отворена задната врата  и чекал да му се јават за сметката , но не се јавил никој.

"Кога влегов , видов дека нешто не е во ред, па почнав да разгледувам низ куќата, и сфатив дека мојата бања е чиста".

Полицијата потврди  дека човекот ги повикал на 16-ти мај за да пријави дека некој му влегол дома. Тој им кажал дека се вратил дома ноќта од работа и забележал дека некој бил во неговата куќа. Но, ништо не исчезнало.

Собите во куќата биле исчистени и кеса со ѓубре била оставена на задниот влез.Полицијата зборувала со соседите  и никој не видел нешто сомнително, така што нема осомничени.

Единствено кујната не била добро исчистена , најверојатно зашто таму лежело домашното милениче на Роум , големиот питон.

Британците ја заборавија Меј и прашуваат за ,,момчето од подиумот” (ВИДЕО)

Славата на премиерката Тереза Меј , која денеска ја најави својата оставка и ја зема момчето кое ги местеше микрофоните.

На социјалните мрежи илјадници Британци прашуваат кое е момчето од подиумот. Пред излегувањетио на Тереза Меј на говорницата пред Даунинг Стрит 10 , се појави момче кое ги местеше микрофоните.

Набргу по изјавата на Меј , на социјалните мрежи почна бура од коментаро за момчето.

Сите сакаат да знаат кој е згодниот помошник на Меј. Некои од Твитер заедницата дури отидоа со шегите до таму и го прогласија за нов британски премиер.

По илјадниците комплименти се дозна дека техничарот се вика Тобијас Гуг од местото Лонгфилд , кој за жал на женската публика , неодамна се оженил. 

Семејство реши да се збогува од цивилизацијата – живеат во дивина и не плаќаат сметки (ВИДЕО)

Четиричлено семејство од Британија решилод а се прости од цивилизацијата и да живеат без сметки и трошоци за живот.

42- годишниот Берни Морис и неговата сопруга , 43 годишната Катус Јанг живеат со своите два сина , седумгодишниот Мадог и тригодишниот Малинки далеку од цивилизацијата во Кумбрија , област на северозападниот дел од Британија.

Семејството купило земја со површина од 14 хектари во 2014 , на која се поставени два дрвени вагона, дрвена колиба и тоалет. Отпадоците ги претвораат во ѓубриво , а ја греат водата со соларни панели.

Повремено им ги издаваат вагоните на туристи , кои сакаат да пробаат како се живее далеку од цивилизацијата , без струја и со огераничени количества вода. Храната сами си ја произведуваат .

Единствени редовни примања се оние на Катус од 89,70 фунти што ги добива како член на локалниот совет. Нивниот седумгодишен син на училиште јавајќи пони.

притисни ентер