Две години од најгледаната политичка емисија - ,,Само вистина”

Почна пред две години а веќе израсна како лидер меѓу политичките емисии во македонскиот етер.

Емисијата САМО ВИСТИНА  несомнено внесе една нова свежина во медиумскиот простор и успеа да се наметне како највлијателна и најпопуларна.

Концептот на дебата меѓу две спротивставени ставови за краток период ја освои довербата кај гледачите. САМО ВИСТИНА како најгледана емисија стана препознатлив бренд кој се води од мисијата за исцрпно и неуморно трагање по вистината.

„Имало повеќе такви емисии кога навистина адреналинот на гостите па некогаш и на нас водителите се покачува, едноставно кога ќе се вклучат светлата тогаш како сите да влегуваме во рингот и секој се труди да ја каже својата вистина, а јас како водител да извлечам најмногу што можам во интерес на гледачите. Жестоките дебати е она што го дадоа печатот на САМО ВИСТИНА целиот овој период, не е лесно и за гостите и благодарност до нив што се охрабруваат.“

„Наше е да ги поставиме сите прашања кои што цениме дека се од интерес на јавноста, можеби некогаш се работи за повеќе провокативни прашања меѓутоа, знаете како, целта на новинарите е да ги постават можеби тие незгодни прашања се со цел јавноста да го добие очекуваниот одговор. Ако се суди според довербата што ни ја даваат гледачите во однос на рејтингот мислам дека сме постигнале добар резултат, ќе продолжиме и понатаму.“

За успехот на САМО ВИСТИНА говори и посветената тимска работа, изборот на темите, а гостите се оние кои ја прават магијата на дебатата. „Жешкиот“ икс најчесто знае да извлече жестоки судири меѓу гостите.

Од стотиците дуели во САМО ВИСТИНА се уште се коментираат дуелот помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Филип Петровски и Агим Јонуз, Есад Рахиќ и Оливер Андонов и многу други.

Трамп испраќа 1 500 војници на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека на Блискиот исток , главно како мерка за претпазливост поради напнатоста со Иран, ќе прати 1500 војници.

,,Сакаме да имаме некаква заштита на Блискиот исток. Имаме намера да испратиме релативно мал број војници, главно со цел за заштита.” , изјави Трамп пред да отпатува во Јапонија.  

Според американските медиуми , контингентот има за цел да ја засили одбрамбената способност на американските сили во региониот , а меѓу нив има и инженери.

На почетокот на овој месец САД во овој регион распоредија неколку носачи на авиони , како и бомбардери и ракетни проектили Патриот , како можен одговор на нападот на Иран.

Во Пустец одбележан Денот на сесловенските просветители

Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај денеска беше одбележан во Општина Пустец, Албанија.

Одбележувањето беше со традиционален собир, кој овој пат се одржа во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.

На собирот присуствуваа професори и ученици од училиштето од Пустец и од училиштето од Долна Горица.

-Заедно со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој зборуваше за потребата од негувањето на македонскиот литературен јазик. Дел од професорите зборуваа за животот и делото на сесловенските просветители по што на учениците им беа подарени книги од оставината на Ѓорѓи Стојчевски, информираа од Општина Пустец.

Темелко упати благодарност до фамилијата Стојчевски, вети продолжување на напорите за збогатување на библиотечниот фонд во училиштата каде се изучува македонски јазик во Република Албанија, посочувајќи дека „децата, нашата иднина го заслужуваат тоа".

Во сите училишта во Општина Пустец одржани се часови посветени на животот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

По повод Денот на сесловенските просветители, честитка до Македонците во Албанија, во матичната земја каде и да се во светот упати Општина Пустец, македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција и македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана.

Трагедија во Британија - Две деца убиени, четири се во болница, родителите во затвор (ВИДЕО)

Две момчиња на возраст од 13 и 14 години се починати ,а нивните четири братчиња и сестрички, од кои најмалото има седум месеци се однесени во болница.

Од рано утрово полицијата го затвори предградието на Шефилд , каде две момчиња на возраст од 13 и 14 години се убиени. Во болница се пренесени уште четири деца на возраст од 11, 10 и 3 години , како и едно седум месечно бебе.

Полицијата уапси 37 годишен маж и 34 годишна жена , поврзани со несреќата , но нема детали што точно се случило.

Жителите велат дека утрово околу 8 часот пред куќата стигнале 15 полицуиски возила и 4 возила на итната помош . Од полицијата најавуваат повеќе детали , откако ќе заврши истрагата , а медиумите пишуваат дека станува збор за семејно насилство.

притисни ентер