Гори товарен брод во близина на Шпанија – екипажот се спасува со хеликоптери (ВИДЕО)

Шпанските спасувачки екипи евакуираа 15 члена на екипажот на товарниот брод ,,Гранде Еуропа” , откако на бродот избувна пожар додека пловел покрај Мајорка.

Бродот пловел под италијанско знаме . До сега се спасени 15 од вкупнио 25 члена на екипажот. Останатите десетмина не сакале да се спасат , зашто помагале при гаснењето на пожарот.

Во акцијата за спасување учествуваат два хеликоптера и три брода .

Не е позната што го предизвикало пожарот и колкави се оштетувањата , а нема ниту информации за повредени членови на екипажот.

Штетите од невремето во прилепско Канатларци и Тополчани проценети на 80 милиони денари

Штетата од невремето што на 24 јуни ги зафати селото Канатларци и околните населени места кога беа зафатени 642 хектари со земјоделски култури е проценета на 74 милиони денари.

Невремето од 4 јули во Топочанско направило штети од шест милиона денари, стои во извештаите од  комисија за процена на штети. Извештајите ги усвоија прилепските советници на денешната 30 седница на општинскиот Совет.

Според претседателот на Советот, Миле Талески, извештајот ќе биде испратен до Второостепената владина комисија.

-Со невремето кое на 24 јуни ги зафати Канатларци и околните населени места, се зафатени 642 хектара земјиште со проценета штета од 74 милиони денари. Советот го усвои и извештајот за второто невреме кое на 4 јули го погоди подрачјето на Тополчани и другите населени места, кое зафати површина од 76 хектари, а висината на проценетата штета изнесува околу шест милиони денари. Овој извештај Советот ќе го испрати до Второстепената владина комисија која на следната седница треба да го усвои извештајот и да изврши обештетување на жителите, изјави Талевски.

Универзитетот во Глазгов ќе плаќа обештетување зашто заработувало од трговија со робови

Универзитетот во Глазгов решил да исплати 20 милиони фунти обештетување , откако било откриено дека во минатото заработувал десетици милиони фунти од трговијата со робови.

Станува збор за прва британска институција што се реши на ваков потег. Парите треба да бидат собрани и исплатени наредните 20 години во рамки на Центарот за развојно истражување Глазгов- Кариби , за што овој универзитет ќе соработува со универзитетот Вест Индис.

Професорот Сер Хилари Беклс од Универзитетот  Вест Индис ја нарече одлуката на Универзитетот во Глазгов „храбар, морален и историски чекор“ во справувањето со минатото.

До одлуката дојде откако беше откриено дека голем број донации собрани од Универзитетот во Глазгов во 18-ти и 19-ти век, доаѓаат од луѓе вклучени во трговијата со робови.

Универзитетското раководство појасни дека и покрај тоа што никогаш не поседувале робови или тргувале со добра создадени со робови, универзитетот имал значителна финансиска поддршка од трговијата со робови.

Вкупната сума  собрана од Универзитетот преку трговијата со робови се проценува меѓу 16,7 милиони и 198 милиони фунти, а донациите собрани за изградба на кампусот во Гилморхил меѓу 1866 и 1880 година вклучиле 23 лица кои биле вклучени во трговијата со робови на американскиот континент, најмногу на Карибите.

По Фетаи , и Стефанова јавно се огради од Катица Јанева

По Фатиме Фетаи, денеска и обвинителката од редовите на СЈО Лиле Стефанова се огради од Катица Јанева. 

Вели дека од самиот старт била воздржана кон работата на Јанева и дека според неа, во моментов не е важно дали осомничениот е шеф или колега. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа – вели Стефанова.

Сепак, дел од јавните настапи на Јанева и Стефанова до неодамна упатуваа дека нивната соработката и односите во Обвинителството биле повеќе од коректни. Двете обвинителки за време на гостување на 1ТВ пред седум месеци зборуваа дека како тим функционираат одлично.

„Мојата доверба во работата на обвинителката Лиле Стефанова е иста како првиот првиот момент кога ја повикав и во овој момент, значи ја има целосно мојата доверба во работата“, изјави Катица Јанева на  30 јануари 2019 за време на гостувањето на 1ТВ.

„Ние ги согледуваме сите моменти, ги разгледуваме и објективните и субјективните моменти на критиката. И разговараме и размислуваме. Меѓутоа не можеме да најдеме некоја посебна грешка кај нас како обвинителство за да можеме да одиме кон поголема самокритика кон нас, изјави Лиле Стефанова на истото гостување.

Реакцијата на Стефанова доаѓа ден откако и нејзината колешка Фатиме Фетаи порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара. Посочи дека ќе продолжат со застапување на предметите во судница, а евентуалната кривичната одговорност на Јанева, не смее да биде изговор за тие да престанат со работа.

притисни ентер