Капитенот на македонскиот национален тим од историскиот Евробаскет во 2011 Перо Антиќ, денеска на редовно изборно собрание едноглансо ја доби довербата од сите присутни делегатите за во следните четири години да ја води македонската кошарка.
Антиќ кој со три освоени титули во Евролигата е најтрофејниот македонски кошаркар на меѓународната сцена доаѓа на местото на Петар Наумоски.
Изборното собрание на федерацијата делегатите го искористија и за да донесат одлука за промена на името на федерацијата новото има на македонската кошаркарска федерација е Кошаркарска федерација на Северна Македонија.
Новиот предводник на мак баскетот Перо Антиќ во промоцијата на својата програма истакна дека со силен тим од спортисти и луѓе од бизнис-секторот во својот мандат ќе работи на враќање на кошарката на вистинските патеки на успехот. Новиот претседател вети многу повеќе пари за сите македонски екипи и многу посериозна работа во младинските селекции .
Антиќ и неговите најблиски соработници уште на стартот на мандатот ќе имаат голем предизвик , ќе мораат да го вратат загубеното реноме на нашата најсилна селекција, која до пред само неколку месеци беше дури во дивизијата ц на европската кошарка.
Најблиски соработници на Антиќ во федерацијата ќе бидат неговиот соиграч од селекцијата легендарниот Тодор Гечевски, поранешниот кошаркар Владимир Георгиевски, некогашниот судија и делегат Гечевски .
Антиќ веднаш по изборот за претседател од делегатите побара рок од две недели за избор на членовите на највисокиот орган на федерацијата Управниот одбор.