Кристијано Роналдо му го исполни сонот на тешко болно момче

Освен што е еден од најголемите фудбалери , Кристијано Роналдо важи за голем хуманитарец.

Португалецот во текот на својата кариера има учествувано во бројни хуманитарни акции и подели милиони евра , а сега уште еднаш ги воодушеви неговите фанови.

Роналдо организира патување во Торино за тешко болно 10 годишно момче , кое имало желба да го запознае својот идол. На Џозеф од Бристол му бил дијагностициран тумор на мозокот кога имал само чќетири години и од тогаш е постојано во болници и под терапија.

Момчето и неговото семејство од Британија допатуваа на тренинг на Јувентус во Торино , а Роналдо ги прошета низ целиот стадион.

Фудбалерот се фотографираше со момчето и со неговата сестра , му се потпиша на неколку нивни предмети и се дружеше со болното дете.

Кои се најчестите здравствени проблеми што ги погодуваат децата?

Еден посебно може да влијае на квалитетот на животот и во посериозна возраст  

Рамните табани, деформациите на ‘рбетот и дебелината се најчести проблеми кај децата.

Стапалата се важен дел од нашето тело кои ни овозможуваат поткрепа и полесно движење. Нивното здравје е многу важно за нашето тело. Како што предупредуваат ортопедите, има се повеќе деца со рамни стапала, особено во градските средини каде децата немаат можност да одат боси.

Рамните стапала претставуваат деформитет кога табаните немаат природен заоблен лак. Овој проблем денес доби епидемиски карактер и е најраспространет кај деца од градските средини. Според ортопедите причина за тоа е седечкиот начин на живот и отсуството на физичка активност од најрана возраст.

Рамните табани не може да се „поправат“ доколку во детството не се носат соодветни влошки и квалитетни обувки, а во позрелите години тие влијаат на квалитетот на животот.

Најновите податоци од истражувањето на Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија кое е спроведено според Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација, покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Во извештајот се наведува дека дебелината кај децата го зголемува ризикот од прерана смрт и инвалидитет во зрелоста. Прекумерно ухранетите и дебели деца често, како и возрасните, се разболуваат на помлада возраст од хронични болести, како што се дијабетесот и кардиоваскуларните болести, а развојот на болеста делумно зависи од возраста на која настанала дебелината и нејзиното траење.

Дебелите деца и адолесценти имаат и краткорочни и долгорочни здравствени последици кои често не стануваат видливи до полнолетството, како што се: кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, мускулно-скелетни нарушувања и некои видови малигнитет, како и психолошки проблеми. Како што е наведено во овој извештај, главната цел при спречување на дебелината кај децата е да се обезбеди енергетска рамнотежа помеѓу внесените калории (диета) и потрошените калории (физичка активност).

Извор: srecna.republika.rs

12 животни лекции кои жените ги учат предоцна

 – Започнете ја навреме својата промена! 

Работата на вашето ментално здравје е исто толку важна како и работата на вашиот физички изглед, но многу дами во текот на животот го занемаруваат тоа.

Секој сака на улица да види убава жена, а повеќето сакаат да бидат во друштво на успешни и силни жени. Самодовербата не секогаш оди со изгледот, меѓутоа вашата слика за себе е нецелосна доколку ја немате. На патот кон успехот се соочуваме со многу предизвици и пречки, генерално, кога сме млади сè сфаќаме лично и честопати нашиот потенцијал и некои моменти не ги цениме доволно.

Созревањето е процес што трае, поради што многу жени многу доцна сфаќаат како би требало да реагираат или да се однесуваат во одредени ситуации. Затоа, важно е да работите на себе, да читате, да се едуцирате за полесно и помирно да надминете многу препреки во животот. Еве неколку одлични лекции за секоја жена, кои, за жал, повеќето ги учат предоцна.

1. Вашите зборови имаат тежина, затоа користете ги моќно.

2. Не сфаќајте сè лично. Луѓето често се преокупирани со своите мисли и искуства.

3. Ако се фокусирате на проблемите, ќе имате уште повеќе проблеми. Кога ќе се фокусирате на можностите, ќе имате повеќе можности.

4. Не е важно колку нешто ве боли во моментот, еден ден, кога ќе се осврнете наназад, ќе сфатите дека таа борба ви го направила животот подобар.

5. Секогаш ќе постои причина зошто сте запознале одредени луѓе. Или ви се потребни да го променат вашиот живот или вие да го промените нивниот.

6. Не плашете се да пробате нешто ново, бидејќи животот станува досаден кога останувате заробени во вашите граници на она што веќе го знаете.

7. Ако ве игнорира личност чие внимание многу ви значи, реакцијата во вашиот мозок е иста како физичка болка.

8. Понекогаш не ја сфаќате вредноста на моментот додека не стане спомен.

9. Откако ќе ги увидите работите за кои сте благодарни, ќе почнете да ги губите од вид работите што ви недостасуваат.

10. Ако не ги контролирате зборовите, нема да ја контролирате ни вашата иднина.

11. Животот е огледало и врз мислителот го рефлектира она за што размислува.

12. Единствената личност со која треба да се соочите наутро сте вие самите.

Извор: srecna.republika.rs

Доктор за младешкиот изглед на Анџелина Џоли (48): „Тоа се должи на една операција“

Анџелина Џоли го привлече вниманиото на неодамнешната премиера на Бродвеј на мјузиклот „The Outsiders“, чиј продуцент е и таа.

Нејзините фотографии од овој настан се проширија на социјалните мрежи, а фановите ја опсипуваа со коментари и напишаа дека е „најубавата жена на светот“ и дека изгледа „се помладо“.

Британскиот пластичен хирург Џони Бетериџ, кој често ги анализира лицата на познатите на социјалните мрежи, во видео на Инстаграм ја коментираше безвременската убавина на 48-годишната актерка.

„Анџелина има неверојатно убави црти на лицето“, истакна тој.

Тој ги спореди нејзините стари и нови фотографии и заклучи дека се видливи траги од естетската хирургија. Тој верува дека младешкиот изглед на Анџелина се должи на операцијата наречена „deep plane facelift“, која дава природен изглед. Имено, се работи за хируршка процедура која се користи за подмладување на лицето и вратот.

Џони претходно го анализираше лицето на Бред Пит откако луѓето на социјалните мрежи напишаа дека не им се верува колку добро изгледа актерот на 60 години.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер