Зошто Ливерпул во финалето на ЛШ ќе ја добие луксузната гардероба?

Навивачите на Тотенхем се бесни поради одлуката ан УЕФА луксузната соблекувална во финалето на Лигата на шампионите да му биде доделена на Ливерпул.

Во финалето на 1. јуни во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано службен домаќин на наптреварот ќе биде Тотенхем , но и покрај тоа ,,гостинот” Ливерпул ја доби полуксузната соблекувална, онаа што ја користат играчите на мадридски Атлетико.

УЕФА ја правда одлуката со тоа дека е донесена поради навивачите и по разговорот со полицијата и обезбедувањето на натпреварот.

Влезот во луксузната соблекувална е на трибините каде ќе бидат сместени навивачите на Ливерпул , додека помалку луксузната е сместена на трибините на навивачите на Тотенхем.

Од европската фудбалска асоцијација најавија дека и двете соблекувални ќе ги уредат така што помалку да се разликуваат.

Душан Тадиќ : Цела ноќ плачев по поразот на Ајакс од Тотенхем

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ одигра фантастична сезона во Ајакс . Постигна 38 голови со 24 асистенции на 56 натпревари.

По долго време годинава Ајакс ја освои и националната титула. Но , тоа не им беше доволно на холандските фудбалери , а особено не на Тадиќ. Српскиот фудбалер за холандските медиуми раскажува дека цела ноќ по поразот од Тотенхем во Лигата на шампионите плачел како мало дете.

,,Знаете , кога сум разочаран, сакам да плачам. Тогаш го исфрлаш тоа чувство од телото. Кога стигнав дома , пуштив тажна српска музика и седнав на каучот. Потоа си легнав во кревет . Мислам дека таа ноќ само еден час не плачев . Кога следното утро ги видов своите деца , тоа ми помогна да се смирам.”

Неговиот тим победи во Лондон со 1:0 , во Амстердам водеа со 2: 0 , но потоа примија три гола и не стигнаа во финалето на Лигата на шампионите.

Киргиос го навреди Ролан Гарос, па си замина од турнирот (ВИДЕО)

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Киргиос се повлече од натпреварите на Ролан Гарос.

Оваа одлука дојде само неколку дена откако австралискиот тенисер на социјалните мрежи со најбрутални зборви го навреди Ролан Гарос.

Тој на почетокот на видеото е малку поучтив и вели : ,, Што се случува?Еве , тренирам со Енди Мареј. Мислам дека Вимблдон е најдобриот турнир на светот, погледнете ја оваа совршена тревна површина. Ослободете се од земјата, луѓе. Кој сака црвеница , кога е толку лоша. Факт е дека сум тука и за неколку дена треба да заминам во Париз. Ролан Гарос е с...ње воспоредба со ова.”,  рече меѓу другото Киргиос.

Секако , по ваквите навреди се дигна голема прашина. Австралиецот наиде на осуда и поради бројните критики мораше да се повлече од вториот Гренд Слем во сезонава.

Хамилтон поради Роналдо го прекрши своето правило во Ф1 (ВИДЕО)

Сезоната на Формула 1 продолжува со трката во недела на улиците на Монако.

Подготовките за една од највозбудливите трки на Формула 1 во сезоната веќе почнаа , а денеска беше одржан и првиот тренинг , на кој повторно доминираше екипата на Мерцедес.

Луис Хамилтон на денешниот тенинг имаше посебен гостин – фудбалерот Кристијано Роналдо. Португалецот заедно со својот син дојде да го поздрави шампионот во Формула 1 , па заедно се фотографираа.

Британецот тогаш направи нешто што е невообичаено за него. Во кокпитиот го стави синот на славниот фудбалер, Кристијано Роналдо Џуниор, што никогаш порано не му се случило.

Интересен податок за двајцат е дека се петкратни шампиони во своите спортови. Хамилтон има пет титули на светски шампион , а Роналдо пет пати ја освои Златната топка , награда за најдобар играч на светот.

притисни ентер