Опел го претстави новиот хибриден модел (ВИДЕО)

Опел го претстави новиот Грендленд , како дел од ребрендирањето на некогаш германската , а сега француска компанија.

Но , без разлика на ребрендирањето , Опел бележи раст , а сега и најавува нов плаг-ин хибрид Грендленд Х . Исто како и на моделите на Пежо 3008 и 508 , и тука изведбата е наречена Хибрид4 , а со погон на сите четири тркала носи сила од 300 Кс.

Ја добива од 1.6 турбо бензинецот и тоа 200 Кс како и од два електромотора , секој со 109 Кс. Автомобилот може автономно да вози 50 километри , со просечна потрошувачка на бензин од 2,2 литри на 100 км.

Почетокот на продажбата на електрифицираниот кросовер се очекува за неколку недели , а првите примероци ќе бидат видени на патиштата на почетокот на наредната година.

Американец во чудо – некој му влегол дома и му ја исчистил куќата (ВИДЕО)

Додека бил на работа , некој влегол во куќата на Американецот Нејт Роум и му ја исчистил.

Кога влегол во куќата во местото Марлборо во државата Масачусец , веднаш помирисал средства з ачистење , а во тоалетот забележал дека некој направил рози од тоалетна хартија. Тоа го навело да помисли дека некоја професионална служба за чистење по грешка влегла во неговата куќа, зашто ја оставил отворена задната врата  и чекал да му се јават за сметката , но не се јавил никој.

"Кога влегов , видов дека нешто не е во ред, па почнав да разгледувам низ куќата, и сфатив дека мојата бања е чиста".

Полицијата потврди  дека човекот ги повикал на 16-ти мај за да пријави дека некој му влегол дома. Тој им кажал дека се вратил дома ноќта од работа и забележал дека некој бил во неговата куќа. Но, ништо не исчезнало.

Собите во куќата биле исчистени и кеса со ѓубре била оставена на задниот влез.Полицијата зборувала со соседите  и никој не видел нешто сомнително, така што нема осомничени.

Единствено кујната не била добро исчистена , најверојатно зашто таму лежело домашното милениче на Роум , големиот питон.

Британците ја заборавија Меј и прашуваат за ,,момчето од подиумот” (ВИДЕО)

Славата на премиерката Тереза Меј , која денеска ја најави својата оставка и ја зема момчето кое ги местеше микрофоните.

На социјалните мрежи илјадници Британци прашуваат кое е момчето од подиумот. Пред излегувањетио на Тереза Меј на говорницата пред Даунинг Стрит 10 , се појави момче кое ги местеше микрофоните.

Набргу по изјавата на Меј , на социјалните мрежи почна бура од коментаро за момчето.

Сите сакаат да знаат кој е згодниот помошник на Меј. Некои од Твитер заедницата дури отидоа со шегите до таму и го прогласија за нов британски премиер.

По илјадниците комплименти се дозна дека техничарот се вика Тобијас Гуг од местото Лонгфилд , кој за жал на женската публика , неодамна се оженил. 

Семејство реши да се збогува од цивилизацијата – живеат во дивина и не плаќаат сметки (ВИДЕО)

Четиричлено семејство од Британија решилод а се прости од цивилизацијата и да живеат без сметки и трошоци за живот.

42- годишниот Берни Морис и неговата сопруга , 43 годишната Катус Јанг живеат со своите два сина , седумгодишниот Мадог и тригодишниот Малинки далеку од цивилизацијата во Кумбрија , област на северозападниот дел од Британија.

Семејството купило земја со површина од 14 хектари во 2014 , на која се поставени два дрвени вагона, дрвена колиба и тоалет. Отпадоците ги претвораат во ѓубриво , а ја греат водата со соларни панели.

Повремено им ги издаваат вагоните на туристи , кои сакаат да пробаат како се живее далеку од цивилизацијата , без струја и со огераничени количества вода. Храната сами си ја произведуваат .

Единствени редовни примања се оние на Катус од 89,70 фунти што ги добива како член на локалниот совет. Нивниот седумгодишен син на училиште јавајќи пони.

притисни ентер