Снег и минусни температури среде мај во Хрватска (ВИДЕО)

Силниот дожд и невремето што ја зафати Хрватска последните два дена , на повисоките места денеска премина во снег.

Снег денеска ги изненади Хрватите , откако напаѓаа неколку сантиметри прекривка во планинските предели Учка и Горски Котар. На територијата на Госпиќ е издаден жолт аларм и се очекува да напаѓаат најмалку 5 сантиметри снег.

Со новиот студен бран , паднаа и температурите , така што во 15 часот во местото завижан се измерени минус 3 степени.

Штафетна трка на бизнис секторот во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв".

Стартот е закажан во 11 часот на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотелот „парк", а целта е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење меѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух меѓу вработените.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а тимовите треба да бидат во мешан машко-женски состав. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник ќе треба да истрча по 2.000 метри.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција.

Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии, втор беше тимот на НЛБ Банка, а третото место го освои екипата на Телеком./МИА

Продолжува периодот на сончево и топло време

Сончевото и топло време продолжува и во следните денови. За денеска синоптичарите најавуваат топло време со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура, според најавите, ќе се движи во интервал од 4 и 13 степени, а максималната ќе достигне до 28-тиот степен.

Во Скопје слично време со утринска температура од 10 степени и максимална до 27 степени. /МИА

Џуканович: Одлуката на Европскиот совет е големо разочарување за сите нас во регионот

„Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за ЕУ“

Неможноста за постигнување договор на Европскиот совет за отворање преговори со Македонија и Албанија е големо разочарување за сите нас во регионот, соопшти претседателот на Црна Гора Мило Џуканович.

-Тоа може да има многу негативни последици и за западен Балкан и за Европаска унија, порача претседателот на Црна Гора на Твитер.

притисни ентер