Хан за РСЕ: Ќе има позитивна препорака, но датумот неизвесен

Се обидувам да направам се за да ја постигнеме целта, Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ во декември годинава, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Најпрвин ни  треба зелено светло за почеток на крајните подготовки од преговорите и потоа повторно тоа е процедура заснована на заслуги. Секако ни треба согласност од сите наши земји- членки. Но, давам се од себе тоа да се оствари, додава Хан.

На прашањето дали двете земји ќе добијат зелено светло во октомври, наместо во јуни, Хан вели:

„Па, има некои дискусии, но јас сум фокусиран да има одлука пред летото, бидејќи тоа секогаш беше нашата намера. Ние ќе го претставиме нашиот годишен извештај за две недели, каде што сигурно ќе дадеме позитивна препорака за двете земји. Се разбира, секогаш има некоја работа што треба да се направи. Но, особено кога станува збор за Северна Македонија, мислам дека треба да го признаеме големиот напредок што оваа земја го направи во надминувањето на билатералните конфликти, што е предуслов за идно членство“,истакна еврокомесарот Хан во интервју за Радио Слободна Европа.

Трамп испраќа 1 500 војници на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека на Блискиот исток , главно како мерка за претпазливост поради напнатоста со Иран, ќе прати 1500 војници.

,,Сакаме да имаме некаква заштита на Блискиот исток. Имаме намера да испратиме релативно мал број војници, главно со цел за заштита.” , изјави Трамп пред да отпатува во Јапонија.  

Според американските медиуми , контингентот има за цел да ја засили одбрамбената способност на американските сили во региониот , а меѓу нив има и инженери.

На почетокот на овој месец САД во овој регион распоредија неколку носачи на авиони , како и бомбардери и ракетни проектили Патриот , како можен одговор на нападот на Иран.

Во Пустец одбележан Денот на сесловенските просветители

Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај денеска беше одбележан во Општина Пустец, Албанија.

Одбележувањето беше со традиционален собир, кој овој пат се одржа во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.

На собирот присуствуваа професори и ученици од училиштето од Пустец и од училиштето од Долна Горица.

-Заедно со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој зборуваше за потребата од негувањето на македонскиот литературен јазик. Дел од професорите зборуваа за животот и делото на сесловенските просветители по што на учениците им беа подарени книги од оставината на Ѓорѓи Стојчевски, информираа од Општина Пустец.

Темелко упати благодарност до фамилијата Стојчевски, вети продолжување на напорите за збогатување на библиотечниот фонд во училиштата каде се изучува македонски јазик во Република Албанија, посочувајќи дека „децата, нашата иднина го заслужуваат тоа".

Во сите училишта во Општина Пустец одржани се часови посветени на животот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

По повод Денот на сесловенските просветители, честитка до Македонците во Албанија, во матичната земја каде и да се во светот упати Општина Пустец, македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција и македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана.

Трагедија во Британија - Две деца убиени, четири се во болница, родителите во затвор (ВИДЕО)

Две момчиња на возраст од 13 и 14 години се починати ,а нивните четири братчиња и сестрички, од кои најмалото има седум месеци се однесени во болница.

Од рано утрово полицијата го затвори предградието на Шефилд , каде две момчиња на возраст од 13 и 14 години се убиени. Во болница се пренесени уште четири деца на возраст од 11, 10 и 3 години , како и едно седум месечно бебе.

Полицијата уапси 37 годишен маж и 34 годишна жена , поврзани со несреќата , но нема детали што точно се случило.

Жителите велат дека утрово околу 8 часот пред куќата стигнале 15 полицуиски возила и 4 возила на итната помош . Од полицијата најавуваат повеќе детали , откако ќе заврши истрагата , а медиумите пишуваат дека станува збор за семејно насилство.

притисни ентер