Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Бројот на баратели на азил од Северна Македонија во земјите членки на ЕУ е драстично опаднат во март оваа година во споредба со претходните месеци, јави дописничката на МИА од Брисел.

Oд Македонија 316 лица аплицирале за азил минатиот месец, додека пак во јануари и февруари оваа бројка изнесуваше на 600, информира Европската канцеларија за азил, ЕАСО.

Од 316-та барање, 229 се први барања, останатите се повторени апликации за азил.

Што се однесува до одлуките за доделување на бегалски статус, состојбата е речиси непроменета за Македонија: најголемиот број барања и натаму се одбиваат, бидејќи земјата се смета за безбедна.

Во март, канцелариите за азил во ЕУ одбиле 454 барања за азил од македонски државјани, додека пак на шест лица им бил одобрен бегалски статус.

Една десетина од барањата за азил се повторни барања, односно лица кои биле најмалку еднаш веќе одбиени, и најчесто тие се од регионот на Западниот Балкан.

-Како што беше случај претходните месеци, државјаните од Западниот Балкан имаат тенденција да поднесуваат повторни апликации во екстремно високи бројки, нагласува ЕАСО.

Генерално земено, пак, трендовите за март месец покажуваат мало покачување на барањата за азил ширум ЕУ во однос на февруари  значајно зголемување во однос на март минатата година.

-Огромна пропорција на регистрираните апликации во март доаѓаат од лица на кои не им е потребна виза за влез во Шенген зоната, соопшти Канцеларијата за азил, како Венецуела, Колумбија, Албанија и Грузија.

Главно, баратели на азил во ЕУ се од Сирија, Венецуела и Авганистан, а најголемо зголемување бележи токму Авганистан, додека пак државјаните на Венецуела втор месец по ред бележат рекорден број апликации за бегалски статус во Европа. Барањата од Сирија остануваа стабилни.

Останатите седум земји на врвот на списокот на најголем барања се Ирак, Колумбија, Нигерија, Пакистан, Иран, Албанија и Грузија.

Посебно маркантен е порастот на бегалци од Колумбија, бројка зголемена за 32 отсто во споредба со февруари. /МИА.

Амбасада на САД: Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата,мора да е одговорен

Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен, е ставот на Американската Амбасада,  по апсењето на Катица Јанева.

Американската амбасада ја поддржува одлуката на Обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.

„Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен“, е ставот на Амбасадата по апсењето на Катица Јанева. За градење трајни институции ,решавачки е да се донесе Законот за јавно обвинителство, сметаат од американската амбасада. Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа“, соопштуваат од Амбасадата на САД.

Штетите од невремето во прилепско Канатларци и Тополчани проценети на 80 милиони денари

Штетата од невремето што на 24 јуни ги зафати селото Канатларци и околните населени места кога беа зафатени 642 хектари со земјоделски култури е проценета на 74 милиони денари.

Невремето од 4 јули во Топочанско направило штети од шест милиона денари, стои во извештаите од  комисија за процена на штети. Извештајите ги усвоија прилепските советници на денешната 30 седница на општинскиот Совет.

Според претседателот на Советот, Миле Талески, извештајот ќе биде испратен до Второостепената владина комисија.

-Со невремето кое на 24 јуни ги зафати Канатларци и околните населени места, се зафатени 642 хектара земјиште со проценета штета од 74 милиони денари. Советот го усвои и извештајот за второто невреме кое на 4 јули го погоди подрачјето на Тополчани и другите населени места, кое зафати површина од 76 хектари, а висината на проценетата штета изнесува околу шест милиони денари. Овој извештај Советот ќе го испрати до Второстепената владина комисија која на следната седница треба да го усвои извештајот и да изврши обештетување на жителите, изјави Талевски.

Универзитетот во Глазгов ќе плаќа обештетување зашто заработувало од трговија со робови

Универзитетот во Глазгов решил да исплати 20 милиони фунти обештетување , откако било откриено дека во минатото заработувал десетици милиони фунти од трговијата со робови.

Станува збор за прва британска институција што се реши на ваков потег. Парите треба да бидат собрани и исплатени наредните 20 години во рамки на Центарот за развојно истражување Глазгов- Кариби , за што овој универзитет ќе соработува со универзитетот Вест Индис.

Професорот Сер Хилари Беклс од Универзитетот  Вест Индис ја нарече одлуката на Универзитетот во Глазгов „храбар, морален и историски чекор“ во справувањето со минатото.

До одлуката дојде откако беше откриено дека голем број донации собрани од Универзитетот во Глазгов во 18-ти и 19-ти век, доаѓаат од луѓе вклучени во трговијата со робови.

Универзитетското раководство појасни дека и покрај тоа што никогаш не поседувале робови или тргувале со добра создадени со робови, универзитетот имал значителна финансиска поддршка од трговијата со робови.

Вкупната сума  собрана од Универзитетот преку трговијата со робови се проценува меѓу 16,7 милиони и 198 милиони фунти, а донациите собрани за изградба на кампусот во Гилморхил меѓу 1866 и 1880 година вклучиле 23 лица кои биле вклучени во трговијата со робови на американскиот континент, најмногу на Карибите.

притисни ентер