Водителката на Евросонг, Бар Рефаели обвинета дека не платила 2 милиона евра данок

Израелскиот модел Бар Рефаели, водителка на овонеделниот Евросонг во Тел Авив, и должи на државата околу 2 милиони евра неплатен данок, објави синоќа суд во Израел.

Таа ќе мора да плати 30.000 евра судски трошоци, објави израелското Министерство за правда.

Рефаели е обвинета дека не ги пријавува во целост своите милионски заработки во Израел и во странство.
Супермоделот изјави дека во спорниот период од 2009 година, не престојувала во Израел.

Таа наводно плаќала многу ниска наемнина за својот скап стан во Тел Авив, а луксузниот автомобил и бил даден за нејзината работа.

Бар Рефаели е најпозната по врската со актерот Леонард  Ди Каприо.

Во Европа е забранета продажбата на најмоќниот Мустанг (ВИДЕО)

Моќниот Мустанг на Форд е речиси половина век меѓу најмоќните автомобили на светот , а во Европа може да се купи само последниве неколку години.

Но , токму последниот модел на Мустанг е забранет во Европа. Се разбира , станува збор за строгите закони за емисија на штетни материи , поради што веќе е забранета продажбата и на моделите Корвета и Камаро.

Најновиот, забранет модел Mustangu Shelby GT500 има 5,2 литарски V8 мотор со турбополнач , кој до 100км/час стигнува за 3,5 секунди , додека максималната брзина му изнесува 300 км/час.

Возел гола женска легната врз Ферари по улиците на Ибица (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како гола убавица лежи врз црвено Ферари во движење по улиците на Ибица.

Возачот и убавиот ,,додаток” за црвеното Ферари добија слава на интернет , но сега имаат проблеми со полицијата.

Според медиумите , полицијата е во потрага по возачот на автомобилот , кој направил прекршок. Шпанските медиуми пишуваат дека за такво возење казната изнесува 500 евра.

Меган Маркл е пресреќна што ,,избега” на работа (ВИДЕО)

Меган Маркл , односно војвотката од Сасекс ги разнежи соработниците кога пристигна на работното место на снимање на модна колекција.

Меган влета на снимањето на модната колекција , што помогнала да биде осмислена во Лондон.

Минатата година, Маркл објави соработка со модните брендови Marks & Spencer, John Lewis, Jigsaw и Misha Nonoo со чија помош ќе дизајнира линија на деловна облека за жени со понизок статус и од пониските социјални класи. Во тоа им  помага  хуманитарната  организација „ Smart Works “, која има за цел да им помогне на ранливите жени во потрагата по работни места, под покровителство на војвотката.

Линијата дизајнирана од Меган Маркл во соработка со познати дизајнери треба да им помогне на жените во професионална смисла и да им понуди „покласични опции“.

На снимката се гледа како Меган се смее од уво до уво додека ги поздравува и гушка моделите, луѓето зад камерата , горда на своето остварување.

притисни ентер