Револуционерно откритие: За половина час ќе се знае дали во крвта има инфекција и како да се лекува

Се чини дека поминаа времињата кога докторите им препишуваа купшишта антибиотици на пациентите.

Научниците од американскиот универзитет Пен Стејт проиведоа уред со кој за само половина час се утврдува присуство на инфекција во крвта. Освен тоа со овој уред се утврдува и дали и каква терапија е потребна.

Резултатите се објавени во стручното списание Proceedings of the National Academy of Sciences. Еден од научниците кои го измисли овој уред , Пак Кин Вонг, професор на биомедицинско инженерство и машинство, појаснува дека апаратот користи микротехнологија , со која се детектираат одделни бактериски клетки , кои потоа може да се видат под електронски микроскоп.

Со овој уред за само половина час ќе се знае дали има инфекција во крвта и дали може да се уништи со антибиотик и со каков. За оваа постапка во лабораториите сега се потребни три до пет дена .

Австралијка живеела десет месеци во соба со 60 000 пчели (ВИДЕО)

Во преградието на австралискиот град Бризбејн пчеларот Пол Вуд отстранил околу 50 килограми саќе , откако десет месеци, илјадници пчели живееле во домот на Лорел Лушам.

Пчеларот , кого го викнала жената, откако десет месеци чувствувала дека нешто се движи под гредите во собите , отстранил и 60 000 пчели. Вуд пчелите привремено ги префрлил во кошници во неговиот двор.

 

Лорел Лушам видела дека бројот на пчели кои влегуваат под гредите се зголемува , па го повикала пчеларот на помош.

Пчеларот наишол на огромни парчиња саќе , направено на гредите на куќата , веднаш откако ги тргнал таванските плочи. Откако пчњеларот ги собрал пчелит есо посебен уред , жената го зела медот за себе.

Втор смртен случај од листерија во Шпанија

Во Шпанија почина уште едно лице од бактеријата листерија , а се заразило од свинско месо.

Во Шпанската покраина Андалузија е прогласена епидемија на листерија , а денеска почина уште едно лице од заразено свинско месо.

Според портпаролот на секретаријатот за здравство на покраината Андалузија, Хосе Мигел Киснерос , починал 72- годишен маж , кој бил во терминална фаза на рак на панкреас.

Листеријата особено е опасна болест за лицата со намален имунитет и бремените жени. На 15. август во Андалузија е прогласена епидемија на листерија и до сега се заболени 186 лица. Првата жртва била 90 – годишна жена.

Според медиумите , заразеното емсо било произведено во компанијата Мадругис од Севиља .

Од Светската здравствена органзиација предупредуваат дека листерија може да се јави и во други земји , доколку туристи консумирале од заразеното месо во Шпанија.

Семејството Бекам повторно на одмор во Црна Гора (ВИДЕО)

Брачната двојка Дејвид и Викторија Бекам деновиве уживаат со синовите Ромео, Бруклин и Круз и со ќерката Харпер Севен во убавините на црногорското крајбрежје.

Семејството Бекам веќе втора година се смести на градот – остров Свети Стефан.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Beautiful sunset ❤️

A post shared by bb🌷 (@brooklynbeckham) on

„Уникатниот град - хотел, местото каде што се венчаа Новак и Јелена Ѓоковиќ пред пет години,  гарантира на најпознатиот британски пар дискреција, мир и целосен одмор во прекрасен амбиент“, пишуваат црногорските медиуми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🧘🏼‍♂️

A post shared by bb🌷 (@brooklynbeckham) on

Бекамите се доста активни на одморот , а редовно ги објавуваат своите авантури на социјалните мрежи. Најчестиот избор што го споделуваат се спортовите на вода.

И минатата година тие беа на Свети Стефан, престојувајќи во Вила 112, едно од најлуксузните места на Свети Стефан. Таму престојувале и принцот Чарлс, актерката Софија Лорен, Џереми Ајронс и семејството Ѓоковиќ. Ноќевање со појадок во вилата чини 7000 евра.

притисни ентер