Научниците открија терапија за драстично намалување на ризикот од срцев удар

Докторите од САД објавија план за радикална генска терапија со цел драстично да се намали ризикот од срцев удар.

На светско ниво срцевите удари се број еден во смртноста на населението. Оваа генска терапија би се применувала еднаш во животот и тоа со инекција.

Во текот на наредните три години ќе бидат извршени дополнителни испитувања за да се обезбеди целосна сигурност. целта е да се им се помогне на лицата со ретки генетски пореметувања , кои се подложни на срцев удар на возраст од 30 , односно 40 години.

Ако терапијата се покаже за успешна кај нив , дојкторуите ќе бараат нејзина примена и кај сите други пациенти со ризик.

,,Терапијата ќе биде релевантна , барем така сметаме , за секоја возрасна личност со ризик од срцев удар. Сакаме нејзина примена не само за луѓе кои млади имале срцев удар поради генетски предиспозиции, туку и за широк спектар на срцеви удари.“ , изјави кардиологот и генетичар , кој раководи со тимот од Харвард, Секар Катиресан.

Се проценува дека годишно од срцев удар умираат над 18 милиони луѓе.

Откриена е најголемата црна дупка во Млечниот Пат- поголема е 33 пати од Сонцето

Астрономите ја открија најмасивната ѕвездена црна дупка на Млечниот Пат досега.

Новооткриената црна дупка е 33 пати поголема од Сонцето и е оддалечена 2.000 светлосни години, објави Sky News.

Ѕвездена црна дупка се формира при колапс на ѕвезда, а оние досега пронајдени на Млечниот Пат биле околу 10 пати поголеми од Сонцето.

Научниците од мисијата Гаја на Европската јужна опсерваторија ја забележале црната дупка откако беше забележана ѕвезда како се „ниша“ додека орбитира околу областа, наречена Гаја БХ3.

– Никој не очекуваше дека во близина ќе најде толку голема црна дупка, која до сега не е откриена – изјави Пасквал Пануцо, астроном од Националниот центар за научни истражувања при Опсерваторијата во Париз.

Според него, вакво откритие се случува еднаш во животот на истражувачот.

Гаја БХ3 е втората најблиска црна дупка до Земјата и се наоѓа во соѕвездието Аквила, што на латински значи „орел“.

Турк: Мора да се направи повеќе за да се стави крај на ужасната криза во Газа

Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, повика на нови напори од „сите држави со влијание“ за олеснување на „ужасните“ услови во Газа и на Западниот Брег, пренесе ДПА.

-Решавањето на катастрофалната ситуација на цивилите во Газа мора да остане приоритет, изјави портпаролката на Турк, истовремено додавајќи дека насилството на Западниот Брег предизвикува „голема загриженост“.

Во соопштението од Канцеларијата на ОН се наведува дека „Израел продолжува да го попречува увозот и дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право“, пренесе германската агенција.

Турк побара ослободување на израелските заложници кои беа киднапирани во октомври 2023 година, прекин на огнот во Газа и неограничен пристап за сите хуманитарни работници со цел да се олесни маката на цивилното население на палестинската територија.

Канцеларијата на ОН за човекови права добила извештаи дека израелската војска само минатата недела нападнала најмалку осум џамии за време на прославите по повод крајот на Рамазан.

-Местата за богослужба се заштитени според законите на војната, рече портпаролката на Турк.

На окупираниот Западен Брег, Палестинците се под чести напади од толпи израелски доселеници, кои често се поддржани од војската.

По убиството на 14-годишното израелско момче од семејство доселеници, четворица Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во акти на одмазда.

„Израел, како окупаторска сила, мора да ги преземе сите мерки во негова моќ за да го врати и обезбеди, колку што е можно, јавниот ред и безбедност на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението./МИА

Заседава Парламентарното собрание на Советот на Европа-на дневен ред приемот на Косово(Во живо)

Парламентарното собрание на Советот на Европа во попладневниот дел од седницата ја разгледува препораката за прием на Косово во таа меѓународна организација.

За усвојување на предлогот мора да гласаат две третини од присутните членови на Парламентарното собрание.

Нешто пред 17:30 часот почна расправата за точката на дневниот ред со наслов „Барањето на Косово за членство во Советот на Европа“ на пленарната седница.

Извештајот го презентира известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово - Дора Бакојани.

За учество на расправата беа пријавени 65 пратеници, а на текстот на предлогот за прием беа поднесени 15 амандмани.

Пред пленарната седница, Политичкиот комитет на ПССЕ ги отфрли сите амандмани на српската и италијанската делегација, кои се обидоа да го омекнат текстот на предлогот и да ја одложат одлуката за прием на Косово додека Советот за безбедност на Обединетите нации „не го утврди или одобри статус на Косово и Метохија“, објави Телеграф.

Србија, исто така, побара предложениот текст да се промени, така што формирањето на ЗСО е предуслов за продолжување на процесот на разгледување на барањето на Косово за членство, а не „постпристапна обврска“, како што се наведува во препораката.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави деказа барањето на Косово денеска ќе се гласа во ПССЕ, но дека главната битка ќе се води на 16 мај, кога за тоа ќе одлучува Советот на министри. Тој изјави дека поради вмешаност на Франција оваа точка може да биде тргната од дневен ред, односно одлуката да се одложи.

притисни ентер