Меган Маркл го крстила својот син по мачка

Синот на војвотката од Сасекс – Арчи, е именуван по мачка, која Меган многу ја сакала пред многу години, открива извор близок до војвотката, цитиран од „Сан“.

Таа честопати разговарала со своите пријатели за дебела мачка по име Арчи, која била вдомена од нејзината мајка Дориа. Миленичето станало дел од семејството на идната Војвотка, и таа била многу привзана за него.

„Не е изненадување што таа го именуваше своето дете Арчи. Таа навистина ја сакаше оваа мачка“, вели изворот.

Некои веруваат дека Меган го поврзува името Арчи со нејзиниот татко и на тој начин се обидува да ги излечи своите затегнати односи.

Омилената мачка на Меган починала додека била на колеџ во Илиноис.

Сподели

Мицкоски: Ова е револуција на народот на Македонија, но работата не е завршена

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Македонија денеска порача дена народот е против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Резултатите ставаат простор за да бидеме задоволни , со голема историска победа . Ова е најдобриот резултат што ВМРО ја имала од позиција на опозиција. Над 600.000 гласаа против власта. Цунамито се крена и им виси на глава.

Димитриевски: Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја

Прес конференција одржа претседателскиот кандидат Максим Димитеиевски и претседатле на ЗНАМ.

Димитриевски рече дека денеска се роди третата политичка сила во државата со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бидаат нешто ново.

Се продава омилената Honda NSX на легендарниот Аиртон Сена (ВИДЕО)

Наскоро ќе се навршат 30 години од трагичната смрт на Аиртон Сена, а во оваа прилика на продажба пристигна неговиот омилен личен автомобил.

Легендарниот Ф1 пилот ја обожаваше Honda NSX, во чиј развој и тој лично учествуваше. Познат и како јапонско Ферари, NSX е сигурно најдобрата Хонда на сите времиња, а според многумина, најдобриот јапонски суперспортски автомобил.

Затоа, не е чудно што Сена имаше три примероци. Најпознатиот, кој се појавува и во документарниот филм Racing Is In My Blood, убав пример кој го поминал животот на португалските патишта, сега го нуди Auto Trader, а автомобилот се продава за 500.000 фунти.

За оваа не мала сума добивате повеќе од автомобил. Тоа е уникатно парче од историјата и веројатно најпрепознатливиот артефакт на легендата на Ф1. Овој болид го возеше трикратен шампион во Формула 1 кој победи на 41 Гран При и беше инспирација за многу возачи денес, вклучувајќи го и Луис Хамилтон. Загина трагично на 1 мај 1994 година на Големата награда на Сан Марино.

Сегашниот сопственик Роберт Мекфаган го купил NSX во Португалија и оттогаш се грижи и го разгалува. Автомобилот поминал околу 63.000 километри, а единствениот услов на продавачот е автомобилот да биде предаден во август по изложбата на Сена во Силверстоун.


притисни ентер