ЛШ: Барселона противник на Вардар во полуфиналето

Македонскиот ракометен првак Вардар попладнево na ждрепка во Келн  го дозна  противникот во полуфиналето  од  Лигата на шампионите.

Црвено црните во полуфиналето на 1 јуни во Лаксенс арената во Келн исто како и пред две сезони ќе се судрат со големиот фаворит за титулата шпанскиот гигант Барселона.

За вториот финалист на завршниот турнир во Келн ќе одлучува полуфиналната пресметка Веспрем - Кјелце.

Европскиот шампион од 2017 Вардар трета година во серија е дел од Фајнл фор турнирот во Келн.

Ждрепката сакаше противник на вардарци како и во историската за нас завршница во 2017 година да биде првиот фаворит за трофејот во Лигата на шампионите, силната Барселона. Но , ваквите завршни турнири многупати досега покажале дека фаворитите не го оправдале својот квалитет и рејтинг. Посакуваме и годинава да биде така, или да се повтори историската за нас 2017 година, кога Вардар како аутсајдер стигна до европскиот трон, победувајќи ги токму фаворитите Барселона(26-25) и ПСЖ..

Македонскиот шампион и покрај големите финансиски проблеми сезонава покажа дека има тим за респект , ракометари кои не се плашат од никого и можат да победат секој противник. Црвено –црните тоа го покажаа и во четвртфиналето во кое беа подобри од фаворизираниот унгарски првак Пик Сегед.

Во групната фаза а потоа и во нокаут рундата ракометарите на Вардар демонстрирајќи врвен ракомет докажаа дека немаат страв од никого и дека со голема борбеност, пожртвуваност и заедништво може да стигнат до посакуваната цел.

Инаку, сите четири полуфиналисти годинава во групната фаза играа во иста група, Вардар има два порази токму од ривалот во полуфиналето Барселона, а победа и пораз со екипите на Веспрем и Кјелце.

Само неколку минути по ждрепката во Келн капитенот на Вардар, големиот борец Стојанче Стоилов порача дека Вардар докажа дека не се плаши од никого.

„Сите четири тима имаат еднакви шанси за победа на Ф4 во Келн, Барселона е фаворит, заврши прва во групата, не победија двапати сезонава… Но, ние сме Вардар и никогаш не се предаваме. Ќе ги бараме нашите шанси исто така. Еден меч во кој се е можно, таков е Келн за сите.“, рече во на линковското јавување нашиот капитен Стоилов.

Македонската јавност посакува реприза на завршниот турнир од 2017 година , кога на патот кон титулата Вардар ги победи големите Барселона и ПСЖ.

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

Во вторникот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница, беше поставен првиот граничен премин. Преминот е поставен во рамките на работата на дефинирање на координатите врз основа на геодетските мерења на површината, пренесе агенцијата Азертас, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот вицепремиер, Шахин Мустафаев. /МИА

Џафери - Лапсли: Македонија е ценета членка на Алијансата

Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.

Премиерот Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.

Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.

На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.

Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Македонија, ја даваат за Украина.

Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

Да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија.

Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.

Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.

На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.

По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.

Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер