МЕШЕИШКИ ЗАВИЈОК

Рецепт на: Рада Бушиноска

Потребни состојки:  1 кг. свинско филе од кременадла, 500 гр. рендан кашкавал, 500 гр. рендано сирење, 3 јајца изматени во млеко, масло, брашно и презла по потреба и сол по вкус.

Постапка:

Месото се сече на 15 –тина парчиња.

Секое парче месо со помош на готварски чук се тенчи.

Парчето месо се посолува по вкус.

Одозгора се става рендано сирење и кашкавал.

Со раце внимателно се формира ролат.

Ролатот се вала во брашно, па во матени јајца со малку млеко и на крај во презла.

Секое парче се пржи во тава со загреано масло.

Бела Хадид во проѕирна кошула (ФОТО)

Најубавата жена на светот, Бела Хадид ги занесе своите 27 милиони следбеници на Инстаграм со предизвикувачки фотографии во проѕирна кошула што не успеа да ги скрие нејзините бујни гради.

Супермоделот позира на фотографии од рајска плажа на островот Свети Вартоломеј, а нејзината завидна фигура е особено истакната во секси модната комбинација.

Иако не поминаа цели 24 часа откако ги објави сензуалните фотографии, Бела собра повеќе од милион лајкови и илјадници коментари.

„Те сакам, Бела“, „Вие сте совршени“, „Дозволете ми да дишам“, напишале нејзините фанови.

Измерена најголемата црна дупка во блиска вселена , големината е незамислива

Астрономите во Институтот Макс Планк за вонземска физика (МПЕ) во Германија објавија дека ја измериле масата на најголемата црна дупка во блискиот универзум.

Оваа супермасивна црна дупка се наоѓа во галаксијата Холмберг 15А, која од нас е оддалечена околу 700 милиони светлосни години.

За разлика од централната црна дупка на нашата галаксија, која има околу 4 милиони соларни маси, оваа рекордна централна црна дупка во Холмберг 15А е 40 милијарди пати помасовна од нашето Сонце, пишува EarthSky.

Иако галаксијата „Холмберг 15А“ има огромна видлива маса од околу 2 трилиони соларни маси во sвездите, нејзиниот центар е крајно дифузен и слабо видлив. Затоа, група на астрономи од МПЕ и Универзитетската опсерваторија Минхен се особено заинтересирани за оваа област.

„Овој централен регион на дифузија е скоро со иста големина како и Големиот магелански облак Галакси, така што се сомневавме дека тука има многу голема маса на црни дупки“, напишаа астрономите во соопштението.

Научниците ја измерија светлината што доаѓа од регионот преку опсерваторијата Венделштајн, лоцирана во баварските Алпи. Тие ги комбинираа добиените резултати со телескопот во Чиле.

Триесет и три доживотни казни за монструм, кој ги силувал децата пред нивната мајка

Серискиот силувач Џозеф Мекан вчера беше осуден на 33 доживотни казни затвор.

Судијата го нарече Мекан „кукавица, силеџија и педофил“ кога ја читаше пресудата, пишува лондонската полиција.

„Никогаш не искажавте жалење за тоа што сте им направиле на жртвите. Вие сте целосно опседнати со себе и верувате дека имате право да користите други луѓе како што сметате за соодветно. Мислите дека тие постојат само за ваше задоволство“, рече судијата Едис.

„Вие сте класичен психопат; не мислам дека некогаш ќе престанете да бидете опасни“, додаде тој.

Едис го осуди Мекан на 33 доживотни казни. Исто така, тој беше осуден на три 10-годишни казни и една казна од 14 години, кои ќе ги одлежи истовремено со  33 доживотни казни.

Инаку , за време на судењето на Џозеф Мекан, се дознало дека тој ја врзал мајката на две деца и ја принудил да ги слуша криците на нејзината ќерка и син додека ги силувал и двајцата.

Неколку часа подоцна, МекКан, наводно, фатил 71-годишна жена  и девојче на возраст од само 13 години и сексуално ги злоставувал.

Мекен, од Хароу, северен Лондон, се приближил до полицијата по оваа исповед и рече: „Ако ме фатевте за првите две силувања, останатите не би се случиле“.

Мекан (34) е осуден за силување, сексуална злоупотреба и киднапирање на 11 жени и деца, на возраст од 11 до 71 година. Тој ги изврши овие напади помеѓу 20 април и 5 мај годинава низ Лондон, Манчестер, Ланкашир и Чешир.

За време на судењето, јавноста дозна дека Мекан бил уапсен на 6 мај. Поточно, еден ден пред тој се сретнал со мајка на две деца во еден бар во Хаслинген, а потоа ја одвезол кон нејзиниот дом. Кога стигнале таму, тој ја врзал за креветот со жица.

Потоа ги разбудил 17-годишната ќерка и 11-годишниот син и ги силувал и двајцата во соседната соба. Ќерката некако успеала да избега и скокнала гола низ прозорецот и повика полиција од кај соседите.

Потоа Мекан го напуштила нивниот дом, киднапирал пензионерка на 71 година, и ја принудил да го вози наоколу автомобилот додека барал нова жртва. Потоа, тој грабнал 13-годишно девојче и ја присилил жената да го земе воланот додека сексуално злоставувал тинејџерка.

На денот на неговото апсење, тој застанал на бензинска пумпа за да купи кондом, бидејќи киднапирал две тинејџерки и имал намера да ги силува. Кога го забележал полицискиот автомобил, го удрил своето возило во друг автомобил, излегол од возилото и почнал да бега, но набргу бил фатен и уапсен.

притисни ентер