На повидок помирување? Бред и подарил на Анистон куќа од 70 милиони долари

Медиумите пишуваат за наводното помирување на актерскиот пар, а сите се изненадиле кога тој и ја подарил куќата во која некогаш живееле, а која вреди милиони долари.

Некогашниот актерски пар Џенифер Анистон и Бред Пит се разведоа пред скоро 15 години, а до неодамна во медиумите се шпекулираше дека ја обновиле својата романса, после разводот на актерот од Анџелина Џоли.

Актеракта во февруари оваа година го прослави својот 50-ти роденден, а меѓу гостите се појави и нејзиното поранешно момче, Пит. Обожавателите на поранешните љубовници на почетокот почнаа да шпекулираат околу подарокот на Пит на својата некогашна сопруга, а сега странските медиуми дошле до информација дека станува збор за куќата во која тие двајца некогаш живееле и тоа во Беверли Хилс.

Импозантната вила вреди цели 70 милиони долари, а извор близок до Анистон аведува дека на актерката и било многу тешко да ја напушти после разводот.

„Губењето на нивниот дом од соништата ја зголеми болката после нивниот развод. Куќата била на продажба во време кога се разведуваа, а на Џенифер и падна тешко што Бред тогаш не ја купил“ – изјавил изворот.

Џенифер и Бред беа во брак од 2000 до 2005 година, а актерката подоцна се омажи за Џастин Теро.

Ким Кардашијан позира во минијатурно бикини, фановите воодушевени од колекцијата (ФОТО)

Летото се ближи и Ким Кардашијан покажува сѐ повеќе кожа на задоволство на сите нејзини следбеници.

Имено, ријалити ѕвездата сподели серија одлични нови фотографии од нејзината претстојна колекција на костими за капење, нејзиниот бренд Skims. Костимите за капење доаѓаат во различни дизајни со змиски принт, а има и модели во светли бои.

Оваа атрактивна 43-годишна девојка позира во дводелен костим за капење со змиски дезен и црвен топ со долги ракави.

Таа исто така носеше светло-црвени бикини, ги стисна усните и ја пушти влажната коса да ѝ падне на лицето во споменатата фотосесија за костими за капење. Некои од другите парчиња од колекцијата, кои ќе бидат достапни за купување од 17 април, вклучуваат фустан со змиски принт и црн топ на бикини без прерамки.

Британскиот фотограф Ник Најт е избран да ја сними новата колекција Skims во стил кој потсетува на „неговите класични и авангардни модни кампањи од 2000-тите“, се вели во соопштението на брендот.

Популарната ријалити ѕвезда и мајка на четири деца претходно соработуваше со Најт, кога се појави на насловната страница на L'Officiel Hommes во 2013 година со нејзиното тогашно момче Канје Вест и на насловната страница на магазинот V во 2012 година.

Како и обично, нејзините следбеници не можеа да ја дочекаат новата објава, а овие фотографии беа споредувани со модна фотографија од 2000-тите поради позирањето, боите, осветлувањето и облеката, а нејзината сестра Клои ја повика да се „смири“ и ја пофали како изгледа.

Минатата недела Ким и нејзината сестра Клое летуваа на островите Туркс и Каикос каде привлекоа внимание со своите секси фигури во костими за капење.

Биле видени како лежат на сонце, без шминка, а Ким дури носеше црна каубојска капа додека лежеше на белиот песок.

На тропскиот одмор ѝ се придружија и сестрите Кајли Џенер и Кортни Кардашијан, како и десетте деца на славната четворка, за време на кој го прославија шестиот роденден на ќерката на Клои, Тру Томпсон.

Си Џинпинг предложи четири принципи за да се реши состојбата во Украина

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека предложил четири принципи за да се спречи украинската криза да излезе од контрола и да се врати мирот што е можно поскоро, пренесе Ксинхуа.

„Прво, приоритет треба да биде поддршката на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од натамошно влошување Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување“, рече Си.

Си се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц во Пекинг, каде двајцата лидери разменија мислења за кризата во Украина.

Кинескиот претседател нагласи дека, според сегашната ситуација, за да се спречи ширењето на конфликтот, сите страни треба да работат заедно за да се врати мирот што е можно поскоро.

Во овој контекст, тој предложи четири принципи, се додава.

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

притисни ентер