Во Дебар Маало засаден чинар во чест на Горан Стефановски

Со засадување чинар во неговото омилено Дебар Маало денеска на денот на неговиот родненден му беше одадена почит на еден од најголемите македонски драмски автори, Горан Стефановски.

Со засадување чинар и прикажување негови фотографии, интервјуа, предавања, во паркчето спроти Наџак / Идадија во неговото омилено Дебар Маало денеска на денот на неговиот родненден му беше одадена почит на еден од најголемите македонски драмски автори Горан Стефановски.

Во присуство на неговото семејство и братот, гитаристот Влатко Стефановски, како и бројни пријатели, колеги, почитувачи, актери, доајени на театарската уметност се слушаше и неговата најомилена музика.

-Тоа дрво е поставено во спомен на Горан Стефановски. Еден живот згасна, ама тука еве друг започнува. Предлагам да го викаме Горан, или Горанчо нагалено, додека да не порасне, па ајде да му кажеме: Здраво Горане. Добредојде дрво. Се надевам дека тука ќе ти биде убаво, дека ќе пуштиш длабок корен и дека ќе бидеш среќно, рече неговиот син Игор.

Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева која соопшти дека на тоа место ќе биде поставен споменик на Горан Срефановски во вид на метална клупа, на која во човечка големина ќе биде излиена неговата фигура како седи на клупата.

– Ова ќе биде една клупа за љубов, за живот, за слава на животот, за слава на Горан и негово вечно сеќавање, рече Белчева.

Настанот се одржа на иницијатива на МАНУ и во организација на семејството Стефановски и Општина Центар. Насловен „Прослава на животот на Горан Стефановски" и замислен како негово духовно враќање дома, се одржа во Дебар Маало зашто токму покојниот писател и професор има удел во неговото креирање како култно место. Симболиката на Дебар Маало е во тоа што беше животно и духовно, а особено книжевно врзано со работата и животот на Стефановски.

Горан Стефановски (1952-2018) почина лани, во ноември, по кратко боледување на 66 години во Кентербери, Велика Британија. За дописен член на МАНУ беше избран во 2004 година, а беше и долгогодишен член на Македонскиот ПЕН-центар. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година – професор на Универзитетот во Кент, Англија.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер