Објавен конкурс за видео арт артисти за првиот фестивал на дигитални уметности во Струга

Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3Д мапинг, мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика.

Афиримација на современите форми на изразување и креирање уметност, видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3Д мапинг, мастер класови кои ќе третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз, е целта на првиот фестивалот на дигитални уметности N-H//LON (Енхалон).

Фестивалот ќе се одржи на 14 и 15 јуни, а сите домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси можат да се пријават најдоцна до 5 мај годинава. Заинтересираните може да пратат кратка биографија и опис на [email protected] со назнака: Конкурс за видео арт програма.

Како хедлајнер на музичката програма најавен е берлинскиот ди-џеј и продуцент Ancient Methods – пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Тој е еден од ретките продуценти во светот, кој со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, до класична, медитативна и психоделична музика.

„Гответе со Дракче“ -​ Печен лосос

Во вторник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Елена Велевска.

Состојки за денешниот рецепт:

2 парчиња лосос

2 лимона

брашно, бибер, сол

маслиново масло

за прилог:

рукола, шери домати, балсамико

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Артета по 5:0 над Челси: На моменти не бевме доволно дисциплинирани

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја прокоментира победата на „топџиите“ со 5:0 против тимот на Челси во средбата од 29. коло на англиската Премиер лига.

Ова беше најголемиот успех во историјата на нивното ривалство, откако успеаја да го подобрат својот рекорд од 1930 година кога го победија истиот противник со 5:1.

-Многу сум среќен поради победата, бројот на шанси и постигнатите голови. Тоа што не примивме гол ја покажа и нашата постојаност оваа сезона. Во првото полувреме на моменти не бевме доволно дисциплинирани. Анализиравме на паузата и потоа имаше подобрувања и второто полувреме беше неверојатно, изјави Артета, цитиран од Би-Би-Си.

Благодарение на успехот, Арсенал излезе на првото место, три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул и четири од третопласираниот Манчестер Сити. /МИА

Во Делчево изборниот процес почна навреме, гласањето се одвива во најдобар ред

Во Делчево навреме се отворени вкупно 36 избирачки места на кои денеска 14.490 граѓани регистирани во Избирачкиот список имаат право на глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата. 

Според информациите од терен избирачките места биле отворени на време, а гласањето се одвива во најдобар ред.

- Се наоѓаме на избирачко место 582/1, ладе гласањето започна навреме, се се одвива во најдобар ред. Првите бројки околу излезноста ќе ги соопштиме по 9:00 часот, истакна Благица Петровска, член на избирачкото место.

-Се наоѓаме на избирачко место 580, навреме започна гласањето и процесот си тече нормално, изјави Емилија Трајановска, член на избирачкиот одбор.

Своето право на глас вчера во Делчево го остварија 147 болно и изнемоштено лице кои гласаа во домашни услови.

притисни ентер