Јунаците на мака се познаваат – Вардар „експлодира“ и го декласира ПИК Сегед

Јунаците во мака се познаваат.. Тоа синоќа го покажа ракометниот клуб Вардар во салата Јане Сандански, по убедливата победа над унгарскиот првак ПИК Сегед, со која се најде на чекор до пласман на Фајнл форот во Келн.

Бура од емоции и солзи радосници по последната голема ракометна претстава, на која многумина очекуваа дека црвено-црните сепак ќе подлегнат под притисокот, откако пред неколку дена им беше соопштено дека тимот, што пред две години ја освои ракометна Европа, останува без спонзор.. Носени од френетичното навивање на над пет илјади навивачи, ракометарите го оставија срцето на теренот и докажаа дека се вистински шампиони.

ПИК Сегед беше декласиран со 31 наспрема 23, резултат што треба да биде доволен за реванш мечот во Унгарија за 10 дена.

,,Нема да биде никаква новост ако кажам повторно дека горд сум на овие играчи. Ова се ракометари – херои. Имавме мал милион проблеми оваа сезонава, постојано се соочуваме со несакани работи и некогаш воопшто не можеме да мислиме само на ракометот, изјави тренерот Парондо по мечот, на кој најпрецизни беа Криштопанс и Карачич со по 8 гола, Скубе со шест и Дибиров со четири гола.

Овој тим со златни букви треба да биде испишан во Македонската историја. Капа до под на Парондо кој направи одлична атмосфера пред натпреварот, изјави хрватскиот репрезентативец Карачич..

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер