НАСА за прв пат во историјата сними ,,Марсотрес” (ВИДЕО)

Роботското летало на Марс за прв пат во историјата забележи потрес на површината на Марс , односно земјотрес.

Снимката е направена речиси по пет месеци откако леталото ИнСајт слета наМарс со задача да ги проучува геолошките и сеизмолошките карактеристики на Црвената планета.

Слабото тресење на површината на Марс имало јачина од околу 2,5 степени по Рихтер , а е забележано на 6. април.

Денеска во НАСА е објавена информацијата заедно со аудио снимката од самиот потрес.

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

Во Мексико Сити измерени рекордни 34,2 степни Целзиусови

Во главниот град на Мексико вчера е регистрирана рекордно висока температура од 34,2 степени Целзиусови (93,6 Фаренхајти), изјави директорот на Националната комисија за води, Герман Мартинез Сантојо.

Тој додаде дека претходниот рекорд од 33,9 степени Целзиусови во Мексико беа измерени на 9 мај 1998 година. /МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер