Синот на Мира „Дизел“ вработен со дискрециона одлука на директорот на ЕЛЕМ

Антикорупциска утврдила дека постои непотизам, во 9 случаи од првите 18 за кои што отвори предмети.

Антикоруопциската комсија побара да се поведе прекршочна пријава против министеротза еконимија Кресник Бектеши за влијание при вработување на неговата сестра , а две прекршочни пријави ќе има и против претседателот Ѓорѓе Иванов за армиски унапредувања за време на пердизборниот период,

Индикации за влијание има и за вработувањето на сестрата на Минстерот за култура Асаф Адеми за која комисијата констатирала дека било креирано ново работно место. Антикорупцсика утврди судир на интереси во изборот на внуката на обвинителот Коле Штерјев и за него бараат прекшочна пријава.

Антикорупциска констартираше дека се неосновани наодите за влијание на претседателот на собранието Талат Џафери при вработувањето на неговата ќерка во ЕЛЕМ , од кандидатите кои се пријавиле таа имала најсоодветно обрзавание . Баџанакот на Џафери излезе и се иззема од гласањето , Комсијата не најде неправилоности и за вработувањето на синот на пратеникот Горан Мисовски , иако тој даде отказ од работното место.

За пратеничата од СДСМ Мира Стојчевска за сопругот и нејзиниот брат не се потврдуваат наодите за непотизам , но за вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ Антикорупциска побараа од владата и надзорниот одбор на Елем и Трудовиот инспекторат да го провери изборот.

Антикорупциска проверка треба да се спроведе за вработувањето на мајката на пратеникот Костадин Костадинов иако таа се повлекла од работното место,за случајот треба да се извести владата .За таткото на Александар Кирацовски за работното место општ работник во Новаци нема објаснување како се слектираат вработените, затоа антикорупциска препорачува да се извести владата. Инаку тој се повлекол од работното место .

Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

Во БиХ уапсени тројца мажи- барале 25.000 евра за да дадат информации за Данка: Се шегувавме

Трет ден од потрагата по малата Данка, двегодишното девојче кое исчезна во вторникот околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, во близина на градот Бор, во источна Србија.

Мајката раскажала како Данка исчезнала од дворот на семејната куќа додека одела да му даде вода на постарото дете. Родителите биле сослушани во полиција, а мобилниот телефон на мајката е одземен.

Вчера околу 17:30 часот полицијата го прекина пребарувањето на теренот. „Сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри“, соопшти полицијата.

Според последните информации, родителите на Данка и денеска цел ден биле во полиција на распит. Полицијата вчера ги разделила и спиеле во различни куќи. Багери, полицајци и пожарникари пристигнаа околу куќата каде исчезна девојчето, сечеа дрвја околу куќата и го исчистија просторот и копаат. Досега полицијата сослушала повеќе од 50 лица.

Вечерва се појави веста дека во Босна и Херцеговина се уапсени три лица. Според медиумите, тие на TikTok објавиле дека имаат информации за исчезнувањето на Данка и побарале пари во замена за тие информации. Тие се на распит.

Како што пренесува Klix.ba, Федералната полициска управа (ФУП) вечерва извршила молскавична акција за лоцирање и апсење на три лица од Хаџиќи поради нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија. Белградскиот Интерпол побарал апсење на три лица од областа на кантонот Сараево, кои тврделе дека знаат каде исчезнало девојчето и побарале 50.000 КМ за откривање на информациите.

Членовите на ФУП извршија брза акција, при што истражителите на Одделот за компјутерски криминал успешно ги лоцираа осомничените со помош на нивната IP адреса.

Сите биле уапсени, а била претресена и нивната околина при што било утврдено дека девојчето не е со нив. Во моментов трае кривичната истрага за Т.Б.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972), а се проверуваат нивните тврдења дека се поврзани со исчезнувањето на двегодишното девојче.

притисни ентер