Министерот Димитров во работна посета на Холандија

Во рамки на досегашните активности од првиот ден на работната посета на Хаг, Кралството Холандија, министерот за надворешни работи, Никола Димитров оствари повеќе средби.  

Министерот за надворешни работи Димитров се сретна со Мајкл Стибе, дипломатски советник за Европа во Канцеларијата на холандскиот Премиер, Питер Омзихт и Клас Дајкоф, пратеници во Долниот дом на Холандскиот Тведе Камер (Парламент), како и со поранешниот министер за надворешни работи Берт Кундерс и поранешната холандска амбасадорка и актуелна амбасадорка за човекови права во МНР на Холандија, Мариет Шурман.

На средбите со пратениците Омзихт (ЦДА) и Дајкоф (ВВД), Министерот накусо се осврна на постигнатото во клучните реформски области. Во таа смисла, беа разменети информации во врска со последните политички случувања во земјата и за атмосферата од првиот круг на претседателските избори. Од страна на соговорниците беше поздравен големиот напредок во националната реформска агенда како и постигнатото во односите со соседите во последните две години.

На средбата со Мајкл Стибе, дипломатски советник на холандскиот Премиер, беше разговарано за направеното на домашен план и беше поздравен историскиот пресврт постигнат преку договорите со Грција и Бугарија. Во таа насока, МНР Димитров укажа: "Ако пред три години бевме "заробена држава", сега/денес сме ретка надежна приказна за вистински демократски пробив. Република Северна Македонија има направено доволно и е спремна да ја отвори следната врата од нејзиното европско патување по принципот "стриктно и фер". Нашата цел е суштински да ги унапредиме процесите во општеството и да обезбедиме услови за подобар живот на нашите граѓани. Тоа најдобро можеме да го направиме преку отворање на пристапниот процес, негово суштинско почитување и темелна реформа."

Министерот Димитров се сретна и со поранешниот министер за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс и со Мариет Шурман, амбасадорка за човекови права во МНР на Холандија. Во фокус на разговорите беа преземените активности на земјата во изминатиот период во функција на обезбедување напредок во евроатланските процеси и актуелните домашни случувања. Со амбасадорката Шурман беа опфатени и теми поврзани со заштитата на човековите права во Северна Македонија, при што беше поздравено севкупното унапредување на состојбите во ова поле преку зајакнувањето на постојната законска рамка и усвојувањето на законот за антидискриминација.

Дводневната посета на МНР Димитров продолжува попладнево со брифинг пред парламентарниот Комитет за европски прашања и работна средба со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи. Во текот на утрешниот ден МНР Димитров ќе се сретне со својот холандски колега, МНР Стеф Блок, се наведува во соопштеноето од Министерството.

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на извршен и централен ќе ги утврдува пратеничките листи

На изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ ќе има чесни, професионални и храбри лица, уверува партискиот лидер Христијан Мицкоски, а вечерва целосниот список од 120 кандидати за пратеници ќе биде тема на дебата на седници на извршен и централен комитет. 

Веќе се шпекулира дека на листите ќе се најдат повеќемина од актуелната пратеничка група на опозициската партија, но официјална потврда се очекува в сабота на најавената промоција на кандидатите. Мицкоски најави позитивна кампања, од противкандидатите очекувал клевети и опструкции, но сепак очекувал победа за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ.

Победа очекува и спротивниот табор - најавено е дека в недела ќе ја презентираат партиската програма со која ќе влезат во изборната трка. Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски негира дека за листите во неговата партија имало несогласувања, како што се шпекулираше за време на нивните партиски состаноци кога ги гласаа минатиот викенд.

Покрај СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, свои листи најави Европскиот фронт предводен од ДУИ, албанската опозиција на Касами, Гаши и Меџити - „ВРЕДИ“, Левица, Движењето „ЗНАМ и Коалиција „Храбро“.

Дел од нив деновиве ги претставија носителите, а крајниот рок за доставување на целосните листи во Државната изборна комисија е вторник, 2 април.

Зголемен број хоспитализирани деца во кумановска болница

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти на детското одделение во општата болница Куманово, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Најголем процент на хоспитализираните се деца заболени од вируси, но и дечиња кои имаат алергиски реакции, неколкумина се заболени од „голема кашлица“.

Болнички се лекуваат 20 деца, дневно на одделението има и по 50-тина деца од новороденчиња до десет години. Оние со потешка клиничка слика, пневмонии се хоспитализирани, останатите со полесна клиничка слика се лекуваат на дневна болница.

- Пролетната сезона почна и се зголемува бројот на деца кои имаат вируси и алергиски реакции. Во моментов имаме и деца заболени од „голема кашлица“-пертусис, изјави началничката на детското одделение д-р Ферихан Бајрами.

Родителите ги носат децата и барата помош од педијатрите за зголемена телесна температура, кашлица која прогресира во потешки компликации, со опструкции, пневмонии.

- Последно време имаме дечиња заболени од пертусис. Најголем процент се деца на училишна и предучилишна возраст, но и новороденчиња кои поради возраста не можат целосно да бидат вакцинирани, ниту со прва, ниту со втора доза. Ако родителите забележат покачена температура, кашлица, веднаш да се извршат испитувања и ПЦР метода за пертусис што се прави во лабораторијата и веднаш да се изолира детето и да се почне со соодветна терапија, вели докторка Бајрами.

И алергиските реакции предизвикуваат проблеми кај децата. Симптомите појаснува педијатарот се кивање, кашлица која е сува и надразнителна, бистра носна секреција, затнато носе, чешање на нос и очи.

- Во моментов се инхалаторни полен, цветови, прашина. Потребно е да се направат алерголошки испитувања. И во болницата нудиме таков тест преку крв, кажа Бајрами.

Педијатрите препорачуваат здрава, балансирана исхрана, внес на витамини. Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број на заболени деца.

Приведено и трето лице за убиството на лекарот од Железара

Трето лице е приведено под сомнение дека е поврзано со убиството на докторот од скопска Железара. 

Се уште трае распитот на двете лица кои вчера биле приведени во врска со убиството на лекарот од скопска Железара, додека трае распитот имало и претрес во домовите на приведените за поврзаност со убиството, потврдуваат од Јавното обвинителство за Канал 5. Вчера министерот за внатрешни работи Тошковски изјави дека има осомничени и дека во текот на денешниот ден ќе има повеќе информации.

Министерот посочи дека се презмени 20 истражни дејствија и дека се прегледани се снимките на над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт со девет убоди во неговиот автомобил паркиран пред поликлниката Железара каде имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

Докторот во автомобилот бил пронајден од неговите синови кои заминале на работното место на нивниот татко бидејќи не се вратил од работа по завршувањето на втората смена во ординацијата.

притисни ентер