Србија ќе донира милион евра за Нотр Дам

Србија ќе подари еден милион евра со цел да помогне во обновата на катедрала Нотр Дам, откако провладини таблоиди во Белград објавија дека пожарот е „божја казна“ за Франција.

„Донацијата претставува потврда на нашето вековно пријателство со францускиот народ“, се вели во соопштението на српската Влада. Во него се изразува надеж дека „тој симбол на француската цивилизација и светот ќе бидат обновени во најбрз можен период“.

Донацијата доаѓа откако два таблоида објавија дека пожарот е божја казна за тоа што знамето на Косово минатата било поставено во катедралата по повод стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Подоцна написите со наслов „Ги стаса Божјата казна“ беа отстранети, а српскиот претседател Александар Вучиќ увери дека „сите граѓани на Србија се тажни“ поради пожарот.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер