Во живо

последно ажурирање на 4.2019

Видео: Се зголемува бројот на загинати.Крвав Велигден во Шри Ланка во бомбашки напад 200 загинати повеќе од 560 ранети

Најмалку 200 лица загинале, а повеќе од 560 се повредени во бомбашки напади на три цркви и три хотела во Шри Ланка.

на 4.201913:16

Светските лидери Владимир Путин, Тереза Меј, Жан Клод Јункер, Франк Валтер Штајнмаер ги осудија бомбашките напади во Шри Ланка и побараа итно пронаоѓање и казнување на одговорните лица .

Рускиот претседател Владимир Путин истакнал дека„ треба најстрого да се казнат терористите кои ги осмислиле и извршиле овие ужасни напади“.

на 4.201912:45

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најостро го осуди терористичкиот напад во Шри Ланка во кои се убиени повеќе од 180 луѓе, оценувајќи дека напаѓачите сакала да ги погодат христијаните за Велигден.

„Длабоко сум потресен поради терористичкиот напад на повеќе цркви и хотели во Шри Ланка“ напиша Курц на Твитер.

на 4.201912:31

По серијата напади Владата на Шри Ланка прогласила полициски час и одлучила привремено да ги блокира социјалните мрежи.

Официјален преставник на власта кој сакал да остане анонимен истакнал дека има сомнежи дека две од експлозиите се дело на бомбаш самоубиец.Во Агенцијата АФП пренесе дека во престолнината на Шри Ланка денеска одекнале дури 8 експлозии.

„Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на изјава на заменик директорот на Националната банка на Шри Ланка објави дека во експлозиите се убиени 189 луѓе.

на 4.201908:46

Експлозиите се случиле за време на велигденската миса во црквите Свети Антонио и Свети Анте во Коломбо, како и во црквата Свети Себастијан во Негомбо, пренесува Ројтерс.

Цел на напади биле и хотели во Колумбо, Шангра Ла, Гранд и Кингсбури, информира ББЦ.

Специјален тим на полицијата на Шри Ланка е на местото на бомбашките напади и ги евакуира преживеаните и повредените.

Засега никој не ја презел одговорноста за бомбашките напади.

Стапката на наталитет во Италија се намалува

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Стапката на наталитет во Италија продолжи да се намалува и во изминатата година, кога се регистрирани 379.000 раѓања, или 6,4 на 1.000 луѓе, покажуваат прелиминарните податоци објавени денеска од Националниот институт за статистика на Италија (ИСТАТ), цитиран од италијанската новинска агенција АНСА.

Во апсолутна смисла, ова е за 14.000 раѓања помалку од 2022 година, или пад од 3,6 отсто.

Националниот институт за статистика објави дека стапката на наталитет во Италија е намалена за 34,3 отсто од 2008 година, која беше последната година во која беше забележан пораст.

Просечниот број деца по жена се намалил од 1,24 во 2022 година на 1,2 во 2023 година, а историскиот минимум е забележан во 1995 година, кога се родиле 1,19 деца по жена. /МИА

МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, неработен за граѓаните од католичка вероисповед.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците, 1 април 2024 година (понеделник) вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.

АВМУ: Донесено упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024

 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), со цел појаснување на начинот на примена на правилата од Изборниот законик донесе упатство за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

Како што соопштија денеска од АВМУ, со упатството се опфатени правилата за лимитите за платеното политичко рекламирање (ППР), означувањето на нарачателот на рекламирањето, распределбатата на времето во вести кај Јавниот сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал, обезбедувањето пристапност на содржините за изборниот процес за лицата со попреченост, правилата за известување во деновите на изборниот молк особено за периодот на преклопување на двата изборни процеси.

- За време на изборната кампања за Претседателските избори, во првиот круг на гласање, радиодифузерите може да емитуваат вкупно девет минути и триесет секунди дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма, исклучиво наменети за ППР. Во упатството е точно утврдена распределбата на овие минути меѓу седумте подносители на листи/кандидатите за претседател. Во вториот круг на гласање вкупното време за ППР ќе зависи од времето за ППР што го користат подносителите на листи/кандидатите за претседател кои ќе ја продолжат изборната кампања во вториот круг, се наведува во соопштението.

За време на изборната кампања за Парламентарните избори, се појаснува во соопштението, радиодифузерите имаат право на дополнителни девет минути и триесет секунди за рекламирање на реален час, исклучиво наменети за ППР. По потврдувањето на поднесените листи на кандидати за пратеници од страна на Државната изборна комисија, Агенцијата соодветно ќе го дополни упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024.

- За време на изборниот молк за Претседателските избори, на 23 и на 24 април (до 19 часот) 2024 година, продолжува изборната кампања за Парламентарните избори, но запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи за двата изборни процеси, се додава во соопштението од АВМУ.

Јавниот сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, треба да емитуваат содржини поврзани со изборниот процес во формат пристапен за лицата со попреченост.

Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарни избори 2024 е достапно на веб страницата www.avmu.mk.

притисни ентер