Премиера на тетовското драмско студио „Летечка театарска трупа"

Драмското студио „Летечка театарска трупа" при Центарот за култура Иљо Антески Смок во текот на мај со една премиера и ново прикажување ги започнуваат годинешните активности и претставувања на работата пред публиката. 

На 8 мај со почеток во 19 часот ќе биде прикажана претставата „Возможна приказна – Абракадабра”.

– „Оној кој на другите прошка им дава во срцето радост става.” Со оваа порака низ безброј авантури во тајниот свет на волшебници од градот Ѕвездопад полни со магија, смеење, музика но и опасност која демне од гарголите на градот Огноград ќе биде раскажана нашата приказна.” Возможна приказна” е доказ дека магијата постои само што ние ја викаме љубов, изјави Зоран Јованоски од „Летечката театарска трупа".

На 10 мај пред публиката студиото ќе се претстави со комедијата „Живкова слава" што претставува тетовска верзија на „Ивкова слава” на Стеван Сремац. Тетовци ќе може да се насмеат и да ги препознаат секојдневните случки од нивниот живот.

-Комедијата „Живкова слава" е тетовска верзија на безвременската „Ивкова слава” на Стеван Сремац. Некаде помеѓу двете светски војни на Ѓурѓовден, домашната слава на газда Живко во комичен клинч ќе се судрат табиетите, адетите и суетите на ликовите кои секој за себе отсликува еден свој свет. „Живкова слава” е доказ за нашата посветеност кон публиката, сцената и занаетот. На сите кои се жедни за здрав хумор, смеа и добра забава, топло им се препорачуваме, вели Јованоски.

Режијата и текстот за „Живкова слава" и „ Возможна приказна-Абракадабра" се на Владимир Јовановски. Главните улоги во комедијата се на Карло Јовановски и Ана Апостоловска, додека во детската претстава Марко Ристовски и Мила Глигоровска.

-Ние не сме обичен театар. Ние сме нешто како фабрика, само што нашата фабрика 11 години произведува среќа која при конзумирање како нус појава предизвикува насмевки и аплаузи. Ете така би го опишале нашиот дом наречен Летечката театарска трупа, нагласува Јованоски.

Во текот на 2018 година ова тетовско студио доби награди на фестивалот ДАФ за најдобра режија за претстава Дом за старци и најдобра претстава за деца „Од трње до ѕвезди". Имаше две премиери и 18 репризи. Гостуваше во Канада каде пред тамошната македонска заедница беа играни две претстави./МИА

Истовремено експлодираа четири области на Сонцето- дали соларните факели ќе ја погодат Земјата

На 23 април, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА (СДО) открила редок феномен: четири огромни региони на Сонцето експлодираат истовремено.

Ерупциите на Сонцето се вообичаени, особено околу врвот на циклусот на активност на Сонцето, познат како сончев максимум. За време на овој дел од циклусот Шваб, сончевите дамки и короналните експлозии се случуваат редовно, понекогаш создавајќи спектакуларни поларни светлини и затемнување на Земјата, пишува IFL Science.

Сончевите дамки се области каде што магнетното поле е 2.500 пати посилно од Земјиното, многу посилно од кое било друго место на Сонцето. Поради силното магнетно поле, магнетниот притисок се зголемува додека околниот атмосферски притисок се намалува. Ова ја намалува температурата во однос на околината бидејќи концентрираното магнетно поле го спречува протокот на врел, нов гас од внатрешноста на површината на Сонцето.

Резултатот е огромни експлозии на површината. Ретко, парови експлозии се случуваат истовремено, познати како „симпатични соларни изливи“. Се сметало дека тоа е случајност, но тие се случуваат бидејќи се поврзани со магнетни јамки.

Уште поретко, може да се појават повеќе од две во исто време, што е познато како суперсимпатичен сончев одблесок.

Во моментов не е јасно дали фрагменти од тие соларни факели ќе ја погодат Земјата, иако Spaceweather.com известува дека ако се случи, тоа ќе се случи на 26 април. Како и кај повеќето геомагнетни бури, веројатно нема ништо да се грижите - освен ако не ви пречи особено убавината на поларната светлина или малите проблеми со електричните мрежи и радио комуникациите.

Понекогаш, сепак, може да се случи Карингтонова бура - голема соларна бура која би претставувала поголем проблем.

Девојка од Украина е фатена како си го продава 2 – годишниот син, барала за него 23.500 евра

Во украинскиот град Днипро, 19-годишна жена се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесуваат украинските медиуми.

Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. Деветнаесетгодишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата привела маж додека носел пари на договорената локација.

Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што би ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.

Детето е приведено во полиција и предадено на надлежните органи. Неговата мајка е обвинета за трговија со луѓе.

Лукаревска: Да го почекаме вториот круг, ќе бидеме фактор на стабилност за формирање нова Влада

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот, а не инаетот.

Изборите не се за нашите интереси и функции туку за доброто на државата, рече Сања Лукаревска во „Само вистина“ на Канал 5.

До кога вие ќе се правите поголеми Македонци од сите нас. Сите сме Македонци.

Сите меѓународни претставници кажаа дека ова е најдобрата преговарачка рамка и дека подобар договор не може да имаме. Ова е нашата последна шанса.

Во однос на можно коалицирање со ЗНАМ на Димитриевски: За танго се потребни двајца, да видиме после 8 мај дали делиме исти вредности.

притисни ентер