МАФИНИ СО ПУТЕР И КАФЕ

Рецепт на:Сања Даневска. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ од Понеделник до Четврток во 10 часот на Канал 5

Потребни состојки за колачите: 150 гр. шеќер, 2-3 лажици млеко, 150 гр. бело брашно, 160 гр. путер, 3 јајца, 10 гр. пециво, 10 гр.ванила,10 гр. сол и 10 гр. инстант кафе.

Потребни состојки за филот: 200 гр.путер, 300-400 гр. шеќер во прав, 2-3 лажици млеко и малку инстант кафе.

Постапка:

Во подлабок сад се става путер и шеќер и се мати околу 2 минути.

Потоа се додаваат јајцата и се продолжува уште малку со матењето.

Откако ќе се заврши со матењето, постепено се додаваат: 10 гр. пециво, 10 гр. сол, 10 гр.ванила и 10 гр. шеќер.

Сите состојки дополнително се мешаат со лажица.

Потоа се додава 150 гр. брашно и 2-3 лажици млеко и се продолжува со мешање со рачна маталка.

Смесата се става во шприц и со негова помош се полнат малите корпи од готварска хартија.

Колачите е печат околу 15 минути на температура од 150 степени.

Додека се печат колачите се подготвува филот.

Во подлабок сад се мати околу 200 гр. путер и постепено се додава 300-400 гр. шеќер во прав.

Потоа постепено се додаваат 2-3 лажици млеко и малку инстант кафе.

Откако ќе се изладат колачите се декорираат со добиениот кремаст фил.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер