Што покажаа денешните анкети за претседателските кандидати пред првиот круг?

Кандидатот на власта Стево Пендаровски во благо водство пред кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска за иден претседател.

 Покажуваат псоледните две анкети на „Рејтинг„  и на МЦМС и Институтот за демократија „Социетас цивилис“.  38,3 проценти од испитаниците од анкетата на Рејтинг кои потврдиле дека ќе излезат на гласање на 21 април гласот ќе го дадат за Пендаровски, 33,2 отсто би галсале за Силјаносвка, а 12,6 проценти за Река.16 отсто од испитаниците пак се уште не одлучиле за кого ќе го дадат гласот в недела.

Нешто помала е предноста на Пендаровски пред Силјановска според анкетата на МЦМС, според која 27,2% в недела би галсале за кандидатот на СДСМ и ДУИ, наспроти 23,5% кои својот глас ќе го дадат за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска. Кандидатот на БЕСА и Алијансата ќе го заокружат 11 проценти од испитаниците. Високи 18 отсто од испитаниците и во оваа анкета се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас. Силјаносвка, според истата анкета ужива поголема поддршка кај е етничките Македонците, додека Пендаровски има поголема поддршка кај Албанците. Најголем дел од етничките Албанци 41,6% одговориле дека ќе гласаат за Блерим Река.

Во однос на излезноста пак, која останува голем предизвик на престојните избори, според анкетата на МСМС 68,1% од испитаниците се изјасниле дека ќе излезат на гласање, но одн нив само 41,8 отсто потврдиле дека со сигурност ќе гласаат на изборите, а речиси секој петти гласач, односно 18,3% се ијаснил дека со сигурност нема да гласа за иден шеф на државата.

Околу 70 отсто од граѓаните во анкетата на рејтинг посочиле дека  редовно, често или понекогаш ја следат претседателската кампања. Околу 60 проценти од нив за кампањите се информирале од телевизиите, околу 20 проценти од социјалните мрежи, а 7,5 кампањата на Силјановска, Пендаровски и Река ја следеле на интернет порталите.

Анкетата на Рејтинг е спроведена врз 1112 испитаници во периодот од 8-14 април, а на МСМЦ врз 967 испитаници од 7 до 11-ти месецов.

Рокот за објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, според роковникот на ДИК, истекува дененска на полноќ.

Времето стабилно и потопло

Денеска ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува и слаб променлив ветер кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен.

 Максималните температури ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер  и со температура до 21 степен.

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од  7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на беслатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функција од  7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

Народниот правобранител, се посочува, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

-И во оваа пригода, Народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, стои во соопштението. 

МВР и денеска ќе издава лични карти

 Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Барањата за за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота, 20 април. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи. На денот на претседателските и локалните избори, недела, 21 април 2019 година, Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти. Истото ќе важи и за вториот изборен круг, соопштија од МВР. 

притисни ентер