Манчевски: Ќе бараме кадар за преговори со ЕУ и надвор од институциите

Во процесот на преговори со Европската унија во оние ресори каде е потребно ќе се бара кадар и надвор од јавниот сектор и надвор од институциите . 

Ова денеска го изјави ресорниот министер Дамјан Манчевски на денешната трибина за измените на два закони :за вработените во јавниот сектор и за административни службеници. Тој смета дека државата ќе биде подготвена да одговори на барањата со потребниот кадровски капацитет кога ќе почнат преговорите со ЕУ.

– Заедно со Министерството за труд и социјална политика, Секретаријатот за европски прашања и со Министерството за финансии работиме на предлог со кој ќе се овозможи начин, се надеваме, кој ќе привлече луѓе и од другите институции во рамки на јавниот сектор, но и надвор од институциите да се приклучат во процесот на преговорите. Ова е нешто на што ќе треба да работиме во следните неколку месеци, да одреагираме нормално бргу и навистина сметам дека ќе бидеме  подготвени во оној момент кога ќе почнат преговорите да одговориме на барањата, изјави

 За префрлањето на вработени од јавниот во приватниот сектор, ресорниот министер потенцираше дека нема потреба да се стравува од отпуштања

–Нема потреба да стравуваат од ништо, се ќе биде доброволно, но факт е дека мора да направиме нешто во делот на реформа на системот и оптимизација на вработените во јавниот сектор, статус кво ситуација не може да остане.

Главните забелешки за законите за администрацијата беа за начинот на вработување начинот на унапредување и заштитата на правата на државните службеници. Ресорниот министер очекува законските измени да бидат донесени најрано до јули годинава .

Ликвидација во Котор, убиен таткото на водачите на шкаљарскиот клан

Во Котор е убиен Веселин Веско Вукотиќ, татко на Игор и Јован Вукотиќ, кои важат за водачи на криминалниот „шкаљарскиот клан“.

Во населбата Доброта во Котор во класична ликвидација во него пукал непознат човек кој испукал повеќе куршуми и побегнал, пренесуваат црногорските медиуми.

Вукотиќ починал во болница.

Полицијата веднаш по атентатот започнала интензивна акција на идентификација и пронаоѓање на напаѓачот.

Инаку синот на Веселин, лидерот на „шкаљарскиот клан“ Јован се наоѓа во затвор во Белград, каде е осуден на казна затвор од 15 месеци поради фалсификувана патна исправа,македонски пасош,  а неговиот врат Игор е во бегство.

Крвав Велигден во Шри Ланка, во бомбашки напад 100 загинати повеќе од 250 ранети

Најмалку 100 лица загинале, а повеќе од 300 се повредени во бомбашки напади на три цркви и три хотела во Шри Ланка.

Експлозиите се случиле за време на велигденската миса во црквите Свети Антонио и Свети Анте во Коломбо, како и во црквата Свети Себастијан во Негомбо, пренесува Ројтерс.

Цел на напади биле и хотели во Колумбо, Шангра Ла, Гранд и Кингсбури, информира ББЦ.

Специјален тим на полицијата на Шри Ланка е на местото на бомбашките напади и ги евакуира преживеаните и повредените. Засега никој не ја презел одговорноста за бомбашките напади.

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

 Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори.

 На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. 

притисни ентер