Средба на Царовска со тимот што работи на апликацијата за поддршка од врсничко насилство

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска се сретна со тимот „АндроМета" кој е еден од петте тимови избран на светско ниво за развој на апликацијата SpeakOut за поддршка од врсничко насилство.

Како што соопштија од МТСП, Царовска ги поканила Александра Поповска, Матеј Плавевски, Дарио Стојанов, Данче Петрушевска и Амра Личина, иновативното решение да го презентираат и пред Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и  занемарување со што, како што посочуваат, ќе се разгледа можноста истото да се вметне како дел од сеопфатната стратегија против насилство врз деца и оперативен план кои се во фаза на подготовка.

-Горди сме што имаме непроценлив потенцијал кај младите луѓе во Република Северна Македонија. Вашата иновативност, посветеност и енергија за создавање подобри услови за живот и развој на вештини кои решаваат сериозни проблеми во општеството и на новите генерации, ни дава поттик како министерство и Влада да останеме посветени на заложбата за обезбедување еднакви услови и подобар живот за секое дете, рече Царовска.

Лидерот на тимот, осумнаесетгодишната Александра Поповска, вели дека возрасните не веруваат секогаш во нивните способности, но таа лично верува дека младите можат да направат промена.

-„SpeakOut е мобилна апликација која ги мотивира младите анонимно да побараат помош и да дадат поддршка на своите врсници. Ним им се нудат две опции за добивање помош. Јавно да објават и да добијат помош од другите членови во заедницата или да разговараат со волонтер, приватно, еден-на-еден" , вели Поповска.

Апликацијата се развива како дел од предизвикот Generation Unlimited, а македонскиот тим беше избран од УНИЦЕФ и партнерите меѓу оние коишто ќе добијат стручно менторство и по 20.000 американски долари за проширување на апликацијата. Во Generation Unlimited се вклучија повеќе од 800 иноватори од 16 земји за да побараат одговор на неодложното прашање: „како да се постигне секој млад човек да добие образование, вештини и оспособеност за изградба на подобра иднина?". Целта на овој предизвик во кој се вклучени првите луѓе на Обединети Нации и Европска Унија е сите млади на возраст од 10 до 24 години да добијат образование, обука и работа до 2030 година.

Крвав Велигден во Шри Ланка, во бомбашки напад 50 загинати повеќе од 300 ранети

Најмалку 50 лица загинале, а повеќе од 300 се повредени во бомбашки напади на три цркви и три хотела во Шри Ланка.

Експлозиите се случиле за време на велигденската миса во црквите Свети Антонио и Свети Анте во Коломбо, како и во црквата Свети Себастијан во Негомбо, пренесува Ројтерс.

Цел на напади биле и хотели во Колумбо, Шангра Ла, Гранд и Кингсбури, информира ББЦ.

Специјален тим на полицијата на Шри Ланка е на местото на бомбашките напади и ги евакуира преживеаните и повредените. Засега никој не ја презел одговорноста за бомбашките напади.

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

 Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори.

 На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. 

Времето стабилно и потопло

Денеска ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува и слаб променлив ветер кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен.

 Максималните температури ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер  и со температура до 21 степен.

притисни ентер