Видео: Фудбалер на Ливерпул со примитивен чин го згрози фудбалскиот свет!!

Фудбалерите на Ливерпул во дербито на 34 коло во Премиерлигата го добија Челзи со 2-0, но, еден детаљ од мечот ги згрози сите љубители на фудбалот низ светот.

По еден дуел со Фабињо во првото полувреме најдобриот фудбалер на Челзи Еден Азар заврши на тревата. Азар се жалеше на повреда поради што лекарскиот тим на Челзи влезе на теренот.

Додека лекарите му укажуваа помош на повредениот Азар, фудбалерот на Ливерпул, Фабињо пријде до асот на Челзи и намерно го истресе носот покрај главата на Азар.

Со овој примитивен и простачки чин  фудбалерот на Ливерпул ги шокираше љубителите на фудбалот во Англија. Многу од нив сметаат дека на Фабињо поради овој простачки потег треба да му биде изречена забрана за играње до крајот на сезоната.

Сега јавноста ја очекува реакцијата на дисциплинската комисија.

Гвардиола тргна во трка со Јунајтед – нуди 95 милиони евра за напаѓач

Долго се очекуваше Манчестер Сити да се вклучи во летниот преоден рок , а според италијанските медиуми , Пеп Гвардиола и раководството на тимот оваа недела почнуваат со наддавањето.

Сити се поврзува со трансферот на Родри од Атлетико Мадрид и уште неколку фудбалери. Но , најголема желба на англискиот првак е Калиоду Кулибали од Наполи , за кого Сити понуди 95 милиони евра.

Сенегалецот е на листата за трансфер и на манчестер Јунајтед , па ова лето се очекува голема битка меѓу лутите конкуренти. Сопственикот на Наполи , Аурелио Де Лаурентис, неколку пати повтори дека би го продал својот најдобар играч само доколклу добие астрономска понуда.

Не наведе колку , но италијанските медиуми шпекулираат дека цената нема да биде пониска од 100 милиони евра.

И Наполи се подготвува за трансфери , така што смета на фудбалерот на Рома, Костас Манолас , кој има клаузула од 35 милиони евра.

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

Култниот италијански клуб се продава за едно евро

Италијанскиот фудбалски клуб Фоџа , кој годинава испадна од вртората и ќе игра во третата лига, од денеска е на продажба за симболична цена од 1 евро.

Семејството Санела , кое ја купи Фоџа пред две години , не може веќе да го финансира клубот и интензивно бара финансиер , кој би го вратил барем малку сјајот на стариот клуб.

Поради финансиски малверзации , Фоџа минатата сезона ја почна со казнени 15 бода во минус , што подоцна беа намалени на шест. Доколку не и беа одземени поените , Фоџа ќе опстанеше во втората лига.

Постарите ја паметат Фоџа од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на минатиот век , кога беше хит тим на италијанскиот и европскиот фудбал.

Во тоа време италијанската лига беше најсилна на светот , а Фоџа беше еден од тимовите , кои играа одлично под водство на тренерот Зденек Земан од 1989 до 1995 година.

притисни ентер