Трамп за реизбор на претседателските избори собрал повеќе од 40 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе пријави дека за кампањата за реизбор на претседателските избори во 2020 година во првиот квартал од оваа година собрал повеќе од 40 милиони долари.

Тоа е повеќе отколку што неговите двајца главни демократски противници собрале заедно.

Медиумите објавија дека фондот на Трамп за претстојната кампања достигнал дури 40,8 милиони долари, што досега не му успеало на ниту еден претседател кој во текот на првиот мандат се подготвувал за реизбор.

Извори од предизборниот штаб на Трамп велат дека 99 отсто од донациите изнесувале 200 долари или помалку, а просекот е 34,26 долари.

Трамп официјално најави дека повторно ќе се кандидира за Белата куќа само неколку часа откако ја презеде функцијата во 2017 година, што претставува најбрзо објавување во однос на кој било друг негов претходник.

Крвав Велигден во Шри Ланка, во бомбашки напад 50 загинати повеќе од 300 ранети

Најмалку 50 лица загинале, а повеќе од 300 се повредени во бомбашки напади на три цркви и три хотела во Шри Ланка.

Експлозиите се случиле за време на велигденската миса во црквите Свети Антонио и Свети Анте во Коломбо, како и во црквата Свети Себастијан во Негомбо, пренесува Ројтерс.

Цел на напади биле и хотели во Колумбо, Шангра Ла, Гранд и Кингсбури, информира ББЦ.

Специјален тим на полицијата на Шри Ланка е на местото на бомбашките напади и ги евакуира преживеаните и повредените. Засега никој не ја презел одговорноста за бомбашките напади.

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

 Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори.

 На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.

Според член 81 од Уставот, доколку во првиот круг никој не го добие потребното мнозинство, во вториот круг одат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето, во случајов на 5 мај. За претседател е избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи, што е предвидено со член 121, став 3 од Изборниот законик.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добил потребен број гласови, се повторува целата изборна постапка

Претседателот на Републиката се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот на Републиката мора да биде државјанин на Република Македонија.

За претседател на Републиката може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. 

Времето стабилно и потопло

Денеска ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност.

Ќе дува и слаб променлив ветер кој во текот на денот од северен ќе премине во јужен.

 Максималните температури ќе достигнат од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер  и со температура до 21 степен.

притисни ентер