Можно ли е фудбалер да го издува носот врз својот повреден противник? (ВИДЕО)

И по неколку часа од спорниот момент се води дискусија меѓу навивачите на Ливерпул и на Челзи што направи Фабињо.

Редсите во фантастичен натпревар на Ајнфилд ставеа против Челзи со 2:0 и на четири кола до кртајот го задржуваат првотот место на Премиершипот со 85 поени , пред Сити со два бода помалку.

Фабињп во 11. минута направи прекршок над Ајден Хазард , кој по тоа остана да лежи на теренот. Додека лежеше повреден , се приближи Фабињо и во него го издува носот.

Дали ,,го погоди” , не се знае , но видеото не оди во прилог на Фабињо.

Гвардиола тргна во трка со Јунајтед – нуди 95 милиони евра за напаѓач

Долго се очекуваше Манчестер Сити да се вклучи во летниот преоден рок , а според италијанските медиуми , Пеп Гвардиола и раководството на тимот оваа недела почнуваат со наддавањето.

Сити се поврзува со трансферот на Родри од Атлетико Мадрид и уште неколку фудбалери. Но , најголема желба на англискиот првак е Калиоду Кулибали од Наполи , за кого Сити понуди 95 милиони евра.

Сенегалецот е на листата за трансфер и на манчестер Јунајтед , па ова лето се очекува голема битка меѓу лутите конкуренти. Сопственикот на Наполи , Аурелио Де Лаурентис, неколку пати повтори дека би го продал својот најдобар играч само доколклу добие астрономска понуда.

Не наведе колку , но италијанските медиуми шпекулираат дека цената нема да биде пониска од 100 милиони евра.

И Наполи се подготвува за трансфери , така што смета на фудбалерот на Рома, Костас Манолас , кој има клаузула од 35 милиони евра.

Неверојатен резултат на кошаркарски натпревар: САД-Салвадор 114:19

На женското кадетско првенство во кошарка можеа да се видат нереални сцени од натпреварот меѓу младите Американки и Салвадорки.

На сеамериканското У-16 првенство кошаркарките на САДФ ги победија врсничките од Салвадор со неверојатен резултат од 114:19.

Кадетките на САД победија со 95 коша разлика со 33 офанзивни скока повеќе поради разликата во височина. Највисоката кошаркарка на Салвадор е Силвија Вега (184см) , а највисоката Американка е Лорен Бетс со 210 см.

Просечната височина на американските кошаркарки била 186см, дури за 14 сантиметри повеќе од Салвадорките . Натпреварот се одигра во чилеанскиот град Авсен.

Култниот италијански клуб се продава за едно евро

Италијанскиот фудбалски клуб Фоџа , кој годинава испадна од вртората и ќе игра во третата лига, од денеска е на продажба за симболична цена од 1 евро.

Семејството Санела , кое ја купи Фоџа пред две години , не може веќе да го финансира клубот и интензивно бара финансиер , кој би го вратил барем малку сјајот на стариот клуб.

Поради финансиски малверзации , Фоџа минатата сезона ја почна со казнени 15 бода во минус , што подоцна беа намалени на шест. Доколку не и беа одземени поените , Фоџа ќе опстанеше во втората лига.

Постарите ја паметат Фоџа од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на минатиот век , кога беше хит тим на италијанскиот и европскиот фудбал.

Во тоа време италијанската лига беше најсилна на светот , а Фоџа беше еден од тимовите , кои играа одлично под водство на тренерот Зденек Земан од 1989 до 1995 година.

притисни ентер