Холивудска актерка ги разбесни фановите - ,,Имаш 12 милиони , а од нас бараш пари”

Ѕвездата на серијата ,,Современо семејство” , Ариел Винтер на Твитер објави дека нејзиниот братучед е болен и дека му се потребни 25 000 долари за лекување.

Таа покрај објавата приложи и линк од сајтот за помош за нејзините фанови да и помогнат во прибирање на средствата.

Потоа објави и фотографии на кои е заедно со нејзиниот братучед Тони.

Но , очигледно барањето пари , не и беше добра идеја на актерката.

Веднаш следуваа стотици одговори во кои ја обвинуваат дека за само една епизода од хит серијата зема по 100 000 долари , а бара пари.

,,Јас го прехранувам моето семејство . Како не ти е срам да бараш пари , кога имаш 12 милиони долари. “

Имаше и такви кои донираа и му посакаа побрзо оздравување на братучедот , но повеќето коментари се негативни.

Ријана се појави во ,,незгоден” фустан на модна ревија (ФОТО)

Пејачката Ријана на претставувањето на најновата колекција на модниот бренд Фенти се појави со задоцнување од цели три часа.

Сепак Ријана уште при доаѓањето не можеше да не остане незабележана. Претесниот фустан и направи проблем при излегувањето од автомобилот , па мораше да ги крие ,,незгодните” делови.

Кога се исправи и тргна сите забележаа дека под фустанот не носи ништо , а деколтето покажуваше премногу,. Пејачката за модната ревија избра тесен розев фустан , кој малку нешта покриваше.

Пејачката ги почести сите присутни не само со нозете и бутовите , туку и со интимните делови. Ријана во последно време често може да се види во премногу слободни комбинации.

Пред неколку дена се појави во проѕирен комбинезон со принт на леопард, а во изјава за магазинот ,,Интервју” откри дека решила да не ја става кариерата пред приватниот живот.

Руски полицаец сакал да се пофали со Лада , па настрадал (ВИДЕО)

Полицајците и сите кои возат полициски автомобили и оние за обезбедување мора да знаат да направат свртување од половина круг.

За таков маневар, кој често се гледа во акциските филмови е потребен и соодветен автомобил. Но , според видеото , кое го обиколи светот Лада Веста не е таков автомобил. За да се направи свртување во место , потребно е висока положба на тежиштето на возилото.

Во спротивно , големата брзина и несоодветниот автомобил , доведува до превртување.

Токму тоа му се случило на припадник на руската воена полиција , каде со дрон е снимен неуспешниот маневар. Ладата , сепак се дочека на тркала , а возачот и совозачот останаа неповредени.

Британец е осуден зашто си направил револвер со 3Д принтер

Британецот Тендаи Масвер е првиот осуден за нелегална изработка на пиштол со 3Д печетар.

Пиштолот што го направил 26 годишниот Масвер може да функционира и според полицијата е смртоносно оружје. Делови од оружјето се откриени во рација при потрага за дрога во стан во централен Лондон во октомври 2017.

Масвер признал дека го направил пиштолот и го испринтал како дел од научен проект на факултет. Тој на интернет добил информации како да направи пиштол што ќе може да испукува вистински куршуми.

Судот во Лондон дополнително ќе ја изрече пресудата , а казната ќе биде таква што ќе ги спречи криминалците на лесен начин да изработуваат смртоносно оружје.

притисни ентер